Електричните автомобили зиме трошат 25% повеќе струја

Еден од големите предизвици со кои се соочуваат сопствениците на електрични автомобили е секако зимскиот период и ниските температури…

Зимата, односно ниските температури имаат далеку поголемо влијание врз електричните автомобили и нивната автономија во возењето во споредба со возилата со мотори на внатрешно согорување. Истражувањата откриваат дека зимското возење значи потрошувачка која е за 25% поголема отколку на 20 степени Целзиусови.

Драстичниот пад на автономијата на електричните автомобили при ниски температури е предизвикан од користењето на значително количество електрична енергија од батеријата за загревање на патничката кабина, но и за загревање на самата батерија, пишуваат експертите.

Ова донекаде може да се надмине ако го полните возилото дома или во гаражата на станбена зграда. Покрај тоа, треба да се внимава при планирањето кога автомобилот ќе почне да се користи. Имено, речиси и да нема електричен автомобил кој не нуди можност за однапред испланирана програма за полнење на батериите.

Според тоа, доволно е да го поврзете кабелот за полнење со возилото кога ќе се вратите дома. Потоа можете да го поставите времето на утрешното поаѓање од дома во самото возило или преку апликацијата на производителот на возилото.

На тој начин возилото ќе знае само кога е неопходно да се започне процесот на полнење на батеријата, се разбира, во зависност од моменталното ниво на наполнетост на батеријата. Исто така, планирањето на поаѓање остава можност за прилагодување на возилото за загревање на патничката кабина додека е на полнач.

Со тоа се избегнува ситуацијата веднаш по излегувањето од дома возилото да треба да троши голема количина на енергија само за да ја загрее патничката кабина. Побрзо и поевтино е да се користи грејната енергија од самиот извор на енергија отколку од батеријата на автомобилот додека возите.

Исто така, многу електрични возила се опремени со грејачи на седиштата и воланот. Ова не е само за да се обезбеди на возачот повисоко ниво на удобност и комфор, туку и поради фактот што е поекономично да се користат овие грејачи отколку да се зголеми саканата температура во патничката кабина и моќноста на вентилаторот..

Сè на сè, навременото планирање при купување на возило, но и при подоцнежна употреба, може да доведе до намалена потрошувачка на енергија, односно зголемена автономија во возењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојан развој: Зголемен опсег за Opel Corsa -e и Mokka-e

Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

DS3 Crossback E-Tense ја зголеми автономијата со едно полнење на батериите

Револуционерно автомобилско седиште за деца!

Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

Renault иTheArsenale го претставуваат AIR4 –Таму каде одиме не ни требаат патишта

Новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008

Ford и GM здружуваат силите со производители на чипови

Ford и Rivian нема заеднички да склопуваат EV, но секо добил тоа што посакува!