Електричните хипер автомобили ќе забрзуваат до „стотка“ за помалку од секунда

Со електричниот погон, многу автомобили добија неверојатно забрзување, но се чини дека границите на можното допрва треба да се пробијат…

Главниот програмски инженер на Rimac Nevera зборуваше на оваа тема и најави дека електричните хипер автомобили ќе забрзаат од 0 до 100 km/h за помалку од секунда.

Rimac Nevera забрзува од 0 до 100 km/h за 1,85 секунди, а овој факт значи дека дефинитивно ги достигнуваме границите на она што човечкото тело може удобно да го поднесе кога станува збор за забрзување на автомобил со врвни перформанси. Токму затоа се поставува прашањето, каде води сето тоа?

Во врска со оваа тема, новинарот на The Drive, Крис Цуи (Chris Tsui), разговараше со Матија Рениќ, главен програмски инженер на Rimac Nevera.

На прашањето дали забрзувањето од 0 до 100 km/h за една или дури половина секунда е навистина можно во иднина, Рениќ даде многу едноставен и јасен одговор:

Под една секунда“, рекол Рениќ.

Кога ќе се стави во контекст, одговорот на Рениќ за теоретското максимално можно забрзување на идните електрични хипера втомобили во основа значи дека тие би биле цела секунда побрзи од Nevera во „спринтот“ од место до „стотка“.

Имајќи предвид дека забрзувањето на хрватскиот хипер автомобил и сега е лудо брзо, се чини дека темпото на напредок и во индустријата за електрични хипер автомобили е исто.

Сепак, Рениќ тврди дека Nevera не е направена само за лудо забрзување и фалење на пистата, туку и како комплетен возачки автомобил што е навистина пријатен за возење.

„Искрено, автомобилот е многу брз. Многу сме горди на бројките, но Neverа е повеќе од тоа. Тоа не е пони со еден трик, не е драгстер што го носите на патеката и ги поставувате најдобрите времиња, и тоа е тоа. Автомобилот е многу сложен, што ви покажува што може да направи автомобилската технологија во иднина. Rimac Nevera е многу употреблив и пријателски автомобил од корисничка гледна точка“, објасни Рениќ.

Новинарот на порталот The Drive, Крис Цуи, конечно заклучил дека од безбедносни причини, Bugatti Rimac може да ги оддалечи премногу самоуверените технички директори од обиди за вакви луди (за безбедноста  во сообраќајот) перформанс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинезите за 2023 ветуваат електричен автомобил со досег од 1000 км

Suzuki и Toyota заеднички прават електричен SUV

Електричен Chery QQ Wujie Pro

Дополнителна опрема направена по мерка за Opel Astra и Astra Sports Tourer

Lincoln Model L100 Concept

R5 TURBO 3E, Роден за дрифт

XPeng од Кина овозможува полнење на EV батериите двојно побрзо одошто Tesla

Moskvich ќе развие сопствена платформа за електрични возила

Dacia сврте нов лист