Електричните Maserati ќе доаѓаат од погоните во Мирафиори

Во модернизација на фабриката Мирафиори во Торино, во 2019 година, беа инвестирани 700 милиони евра за да биде подготвена за производство на електрични возила, при што Fiat 500e е првиот таков модел што се произведува таму…

Мирафиори е и место на производство на атрактивниот Maserati Levante.

Плановите предвидуваат дека Мирафиори ќе произведува и три електрични модели на  Maserati  (првиот се очекува во текот на 2022 година), како и електрични мотори и други компоненти за електрични возила.

Двата електрични Maserati ќе бидат редизајнирани верзии на седаните Ghibli и Quattroporte, додека третата креација на брендот со стилизиран трозабец на богот на морињата „Нептун“ треба да биде новата GranTurismo или а електрична варијанта на овој модел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga