Електричните VinFast VF e35 и VinFast VF e36 од Виетнам пристигаат 2022 во САД

Производителот на автомобили од Виетнам WinFast објави дека ќе го основа своето американско седиште во Лос Анџелес, со најава дека следната година ќе започне со продажба на двата електрични SUV модели на пазарот во во Северна Америка….

Ова е дел од планот за глобално проширување на виетнамскиот производител на возила, кој, меѓу другото, планира да започне со продажба во Европа исто така во 2022 година.

На Американците првично ќе им биде понудено VinFast VF e35 (ривалски модели како Tesla Model Y, Volkswagen ID.4 и Hyundai Ioniq 5) и поголемиот VF e36 за да се натпреваруваат со Model X на Tesla.

Дизајнот на двата виетнамски автомобили е потпишан од Pininfarina.

Моделот VF e35, помеѓу другото, во кабината има 15,4-инчен екран на информативно – забавниот систем, а двете возила имаат и систем за автономно возење на ниво 3.

Помалиот VF e35 ќе биде достапен во две верзии, едната придвижувана од електричен мотор со 150 kW / 204 КС и 320 nm, максимален вртежен момент, а другата има два електромотори со 300 kW / 408 КС и 640 nm вртежен момент. Автономијата со едно полнење на батеријата е од 459 до 499 km.

Од друга страна, поголемиот SUV модел – VF e36 ќе се нуди само со два електромотори, а ќе нуди автономија од 484 km до 679 km, во зависност од батериите.

Нарачките во САД ќе почнат да се примаат во првата половина на 2022 година, а почетокот на испораките е најавен за четвртиот квартал.

Во однос на цените на SUV моделите на струја од компанијата од Виетнам се уште нема официјални податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022