Електричните возила само за една година поскапеа за 9.000 евра

Зголемувањето на цените е често на ниво на сума за која до неодамна можевме да купиме солидeн користен автомобил…

Зголемување во износи од 8.520 евра, односно 6.430 евра, или пак, 2.600 евра: ова не се цени на половни автомобили, туку поскапувања за најпопуларните електрични автомобили во Германија, Tesla Model 3, Fiat 500e и Volkswagen ID.3.

И тоа не е најлошото, бидејќи Ford Mustang Mach-E поскапе за неверојатни 9.000 евра за само една година, пренесуваат агенциите…

Ова се податоците на тамошниот Центар за истражување на автомобилската индустрија (CAR) кои го потврдуваат драстичното зголемување на цените на германскиот пазар.

Прегледот на 15-те најпопуларни електрични автомобили открива неверојатна бројка – автомобилите поскапеле за 14,5 отсто или во просек за 5.385 евра.

Во исто време, поскапувањето влијаеше на се, од нискобуџетни брендови до премиум како Audi.

Поскапеа и автомобилите на фосилни горива, но сепак нешто помалку. Просечното зголемување на цената на моделите со погон на фосилни горива е 12,5% или 3530 евра.

Како што објави германски Handelsblatt, само производството на батерии ќе скокне за 22 отсто во наредните години поради зголемувањето на цените на суровините.

А, само до пред пред неколку години, пред короната, затворања поради пандемијата, кризата со воената операција на Русија во Украина,  се предвидуваше драстичен пад на цените и зголемување на конкурентноста на возилата со електрични погони.

Во CAR се со став дека поради зголемувањето на трошоците за набавка на суровини, како и политичката и економска нестабилност, разликата во цените уште повеќе ќе се зголеми.

Пред сè, поради повисоките трошоци за набавка на полу – проводници и суровини, кои се попотребни за електричните возила.

И сето ова може да ја забави електрификацијата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi предлага ограничувањето на AutoBahn да изнесува 200км/ч

Cadillac Escalade Limo 220.000 долари

Caterham подготвува електричен „спортист“

Dacia MD87 EVO I

Дали и кога Suzuki ќе го претстави Jimny со пет врати

Килиан Мбапе ги обожава моделите на Volkswagen

Американците се уште преферираат возила со бензински мотори пред EV

Собрал 57 казни за пребрзо возење за 54 дена!

Nissan GT-R за 2023 со две изданија