Возачите во Данска повеќе не мора да носат возачка дозвола во форма на картичка, но само ако имаат Дански пасош, а доволен им е мобилен телефон со апликација што всушност е дозвола!
Не мора да биде ниту мобилен телефон, туку секој уред што може да вчита дигитална возачка дозвола, пишуваат агенциите.
Споменатата апликација се вика Kørekort и откако ќе се преземе од Интернет и ќе се создаде сметка на неа, се активира со скенирање на пасошот.
Најголем недостаток е што прифаќа само пасоши на Данска, што значи дека не е наменет за странци, дури и кога имаат дански возачки дозволи.
Ако се прашувате како полицијата ќе ги провери овие дигитални дозволи, одговорот не е премногу комплициран или футуристички – со скенирање на QR-кодот.
Значи, без преземање на мобилниот уред од возачот, само со доведување на уредот до скенерот.