Eniaq е името на новиот електричен SUV на Чесите

Чешката марка не се откажува од правецот по кој се движи со именувањето на своите SUV модели кои завршуваат на буквата „Q“, па така по Kamiq, Karoq, Kodiaq, сега пристигнува и Enyaq, чија почетна буква „Е“ јасно асоцира на електричната мобилност, како дел од стратегијата на производителот од Млада Болеслав ….

Тоа би требало да биде чешки E- Tron, а во однос на дизајнот електричниот crossover на Škoda би требало да биде сериска варијанта на концептот Vision iV.

Инаку и Enyaq ќе биде поставен на модуларна MEB платформа на Групата Volkswagen, што инаку ја користи компактниот VW ID.3, и според информациите би требало да има слични димензии како и SUV моделот  Kodiaq.

Првичните замисли беа овој електричен SUV да има изглед на купе, како што случајот кај конвенционалниот BMW X6, но во Škoda по долго разгледување во текот на минатата година соопштија дека во понудата ќе има стандарден SUV, како и купе-SUV.

Како една од главните карактеристики по кој е познат чешкиот производител е пространоста во ентериерот, а сега се најавува дека новиот Enyaq ќе понуди простор кој ја надминува својата класа.

Иако Škoda не даде никакви официјални податоци во врска со спецификации на возилото, се очекува најавениот електричен SUV да располага со најмалку 480 km автономија со едно полнење на батериите, а електричниот мотор да испорачува моќ од 300 КС.

Првите примероци на Enyaq до своите нови сопственици ќе пристигнат кон почетокот на идната 2021 година, а тоа значи дека премиерата на овој модел најверојатно ќе ја видиме во текот на оваа година, најверојатно, кога станува збор за пошироката публика, на почетокот на октомври на салонот за автомобили во Париз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Jaguar Land Rover Project Vector- иднината на убаната мобилност

2020 -Nissan Navara N-Guard унапреден работник за тешки задачи!

IED Tracy concept

Во Женава Toyota ќе настапи со мал crossover oд B сегментот

Во Женева деби на луксуз со Bentley Mulliner Bacalar

Конечно откриен Volkswagen Golf R (2021)- Top Gun компакт со 333 KS!

2021 Kia Sorento интуитивност за оубаво чувство во возењето!

Volkswagen Golf 8 GTD подготвен за дби на Palexpo 2020 во Женева!

HANKOOK е избран од AUDI за фабричко вградување во новите AUDI Q8 и SQ8