Ericsson и Telia претставија електричен автономен автобус

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ericsson и мобилниот оператор Telia претставија автономен електричен автобус во Стокхолм, најавувајќи преориентирање кон новата област на деловна активност во пресрет на масовната примена на 5G технологијата.

Автобусот ќе сообраќа на линија во центарот на Стокхолм во септември и е дел од проектот за истражување дали високо автоматизирани возила можат безбедно да се воведат во урбаните области.

Во проектот се вклучени и американскиот производител на чипови Intel, транспортната компанија Keolis и центарот за дигитална инфраструктура и услуги Urban ICT Arena .

„Гледано од технолошка перспектива, сите услови се исполнети, сè е подготвено“, изјави за Reuters  Jени Линдквист (Jenny Lindqvist), дамата шеф на деловната активност на Ericsson во северна и централна Европа и воедно заменик претседател на Компанијата

„Некои фактори се надвор од контролата на Ericsson … како што се регулативите и моделите за производство на возила“, додаде Линдквист.

Производителите на автомобили ширум светот тестираат автономни возила, а мобилната мрежа од следната генерација, која обезбедува брз пренос на податоци и широк фреквентен опсег, се очекува да го забрзаат истиот процесот.

Telia генерира приближно една третина од своите приходи од продажба на комуникациски услуги на деловни клиенти и проценува дека управувањето со возниот парк и другите услуги поврзани со 5G мрежата за телекомуникација ќе бидат меѓу водечките области за раст и експанзија, а се разбира и профит на компаниите.

„Постојат бројни примери за употреба (на таа технологија) и се градат мрежи за да се искористат придобивките што истата ги носи со себе, рекол извршниот директорката на компанијата  на Telia,  Алисон Киркби ( Allison Kirkby).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Некои сопственици на Teslа добија можност за потполно автономно возење

Hummer се врати како моќен и целосно електричен pick-up!

VW ID.3 со пер ѕвездички на Euro NCAP

Fiat 500 Elletrica и во Abarth изведба

Во зима електричниот Tesla поминува помалку километри одошто во лето!

Се за првиот потполно електричен автомобил на Dacia

Audi RS e-tron GT со 700 КС на струја!

Renault Megane eVision concept

Hyundai има за цел да стане лидер во електромобилноста во Европа