Ескалираа работите во таборот од Маранело: Леклер сензационално сака да си замине?!

Како што пишува специјализираниот сајт за Формула 1, „Planet F1“, и Formula Passion, штотуку пристигнатиот возач на Ферари, Чарлс Леклер, размислува за сензационално заминување од тимот од Маранело.

Работите на релација Леклер – Ферари не се баш во најидеална ситуација, а тоа беше демонстрирани и на последната трка, во Монако, местото каде Леклер требаше да биде на домашен терен, бидејки тој е по потекло токму од таму.

Младиот и перспективен возач, Чарлс Леклер, покажа дека има потенцијал во него, покажа заби уште на почетокот во таборот на „црвените“ и со последните реакции од Монако, евидентно е дека тој нема да трпи некој над него, односно фаворизирање на прв возач, како што е во случајот со Себастијан Фетел (4 кратен шампион).

Сега како што пишува споменатиот сајт, работите експресно ескалирале по трката во Монако, каде Леклер прво по ужасна проценка, беше закован во Q3 со 0.052 стотинки заостанување, па беше соочен со старт во тесниот Монако од 16. позиција.

Трката му се искомплицира по неколкуте претекнување и проблемите со пневматикот, поради кој го оштети и долниот дел од болидот, па потоа мораше неколкупати во бокс, за подоцна да се процени дека трката за него е завршена.

Сега сензационално се најавува дека Леклер е подготвен да го напушти Ферари, а колку е точна таа информација од Италија, ќе се дознае во следните неколку недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020