ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите

Ни претстојат многу приклучни (plug – in) хибриди и електрични автомобили во производство, што емитуваат малку, или воопшто не испуштаат CO2 при возењето, пренесуваaaт информативните агенции…

Според новите идеи на Европската комисија, емисиите на јаглерод диоксид во автомобилот на километар треба да паднат за 50 проценти од 2021 до 2030 година, а не за 37,5 проценти како што беше претходно планирано.

Тоа го објави Süddeutsche Zeitung, а потврдите пристигнале и од официјални извори.

Што точно значи тоа?

Многу повеќе plug-in хибриди и електрични автомобили во производство, кои емитуваат малку или воопшто не испуштаат CO2 за време на возењето.

Сепак, сигурно е дека ЕУ исто така ќе ја следи реалната потрошувачка на приклучни хибриди, за кои постои сомневање дека возачите воопшто не ги полнат со електрична енергија и дека тие функционираат како класични хибриди и емитуваат многу повеќе СО2 во реални услови.

Тешко е да се очекува дека производителите на автомобили ќе ги направат своите мотори со внатрешно согорување уште поефикасни (и ќе испуштаат уште помалку СО2) – некои граници е невозможно да се намалат понатаму. Овие мерки ќе ја променат сликата во салоните за автомобили, каде што ќе има сè помалку бензински и дизел мотори.

Но, вистински предизвик ќе следат и за големите индустриски сили како што е Германија.

Имено, десетици добавувачи на автомобилската индустрија живеат од продажба на делови за мотори со внатрешно согорување.

Со електрични автомобили се очекува и голем пад на вработените во автомобилската индустрија како и во индустријата што ја следи во производство за делови и компоненти на класичните агрегати со внатрешно согорување.

Како што знаете, електричните автомобили имаат многу помалку делови, а тоа значи и помала потреба за дополнителни производители на компоненти и делови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија