ЕУ ја забрани светлечката фигура Skulptura Spirit Of Ecstasy на Rolls Royce

Скулптурата Spirit Of Ecstasy, еден од симболите на луксузната автомобилска марка Rolls-Royce, не смее да се осветлува според европските правила, па сопствениците на автомобили со оваа опција ќе мора да појдат во сервисите на луксузната марка за да инсталираат обична, сребрена фигура на легендарниос симбол….

Сопствениците на Rolls-Royce, сегашни и идни, во Европската унија би можеле да бидатмногу незадоволни по одлуката на Европската комисија дека нивните скапи автомобили не смеат да имаат еден скап луксузен додаток на капакот на моторот.

Имено, според правилата на ЕУ за светлосно загадување, Rolls-Royce уште во февруари минатата година бил известен дека не смее да ја инсталира особено луксузната LED-осветлена фигурина на своите автомобили, што е ниту помалку ниту повеќе од заштитен знак на марката.

Spirit Of Ecstasy, или како што некои ја нарекуваат Flying Lady (Летечката дама), е веројатно најпознатиот симбол на оваа луксузна марка и се наоѓа на самиот врв на хаубата на автомобилот Rolls-Royce.

Со цел да се додаде допир на луксуз, тој може автоматски да се „скрие“ под хаубата ако некој се обиде да го откорне, а во некои опции, на клиентите им се нуди специјално осветлена фигурина.

Доплатата за оваа опција при купување на нов Rolls-Royce е „занемарлива“- 3.500 фунти (речиси 4.000 евра или повеќе од 240.000 денари), Но од сега британскиот производител во ЕУ веќе не смее да го нуди.

Да бидат работите уште полоши, ЕУ исто така бара светлечката фигуринка или да се отстрани од сите постојни модели или осветлувањето да биде оневозможено.

Оваа безмалку неразбирлива одлука на бирократијата на ЕУ во Велика Британија, како што и се очекуваше, наиде на неодобрување, а медиумите заклучија, во типичен островски стил, дека е „добро што се решиле за Брегзит“.

ЕУ останува „безмилосен“, па според регулативата бр. 48 „за хомологација на возила во врска со инсталирање на уреди за осветлување и светлосно сигнализирање“, вели дека таков украс на хаубата не е дозволен.

Од Rolls Royce информираа дека ќе им понудат на сопствениците на возилата враќање на сумата за оваа дополнителна опција, односно замена на истата со сребрена „фигуринка“, или ќе понудат некој друг додаток со иста вредност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Bugatti Type 251 Evo концепт

Од Волфсбург со тизер го најавија VW Golf 8R