Euro NCAP crash test: Kia EV6, Mercedes C klase, Opel Astra, Peugeot 308, Volvo C40 Recharge и VW Multivan

Euro NCAP ги објави резултатите за новата рунда безбедносни тестови, во кои беа вклучени Kia EV6, Mercedes C-Class, Opel Astra, Peugeot 308, Volvo C40 Recharge и Volkswagen Multivan.

Во видео записите можете да видите како поминаа спомнатите модели.

Kia EV6, Mercedes C-Class, Volvo C40 Recharge и Volkswagen Multivan беа оценети со максимални пет ѕвездички. Тоа значи дека и значително построгите критериуми на организацијата EuroNCAP, која со децении ја испитува безбедноста на автомобилите при различни судири, не им пречеа на KIA, Mercedes, VW и Volvo, чии модели EV6, C-Class, Multivan и C40 Recharge ги освоија сите пет ѕвездички во последните crash тестови.

Малку под тоа ниво беа компактните претставници на новиот, релативно земено, автомобилски ентитет Stellantis, автомобилите Opel Astra и Peugeot 308 што добија по четири ѕвезди.

Имено, најновото дуо на Stellantis, моделите Opel Astra , односно Peugeot 308 помина со една ѕвезда помалку.

Причината за нешто послабиот резултат во однос на четирите споменати модели лежи во недостатокот на одредени безбедносни системи кои ја намалуваат можноста за судир.

Тука ќе речеме и дека PHEV верзиите на Astra и 308 исто така освоија четири ѕвезди.

Така, новиот Peugeot 308, во име на вистината во караван верзија, успеа да собере четири ѕвезди.

Францускиот компакт доби 76% за заштита на возрасни патници, потоа 84% за заштита на деца, а само 68% за особено ранливите учесници во сообраќајот – пешаци и велосипедисти. EuroNCAP даде 65% за напредни системи за активна безбедност на овој француски адут на четири тркала.

Интересно е што Astra доби малку поинакви оценки, но треба да се нагласи дека за разлика од нејзиниот брат со глава на лав во логот, Astra беше тестирана во хечбек издание. На тестирањето, германскиот адут заработи 80% во областа на заштита на возрасни патници, што е повеќе од Peugeot 308.

Потоа, Astra доби 82% за заштита на децата, што е помалку од 308.

Исто така, германскиот hatchback регистрира 67% од можните оцени за заштита на ранливите учесници во сообраќајот, како и 66% за напредни активни безбедносни системи.\

На крајот и напомена дека сите тестирани модели на овој најнов тест на Euro NCAP постигнаа завидни резултати во заштитата на возрасните патници и децата во кабината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Идната година во автомобилите пристигнува прв систем за управување со „џојстик“

Dacia дизајнирана да трае!

Volvo претстави камион на хидроген кој емитува вода и има досег од 1.000 километри

Ford Pro Electric SuperVan

ŠKODA AUTO го обезбеди производството на снопови за кабли

AMG го менува V8 со хибриден мотор со четири цилиндри

Нова технологија на Toyota може да спаси дете заробено во возило!

Daimler Truck иницира е- камиони со досег од 500 километри

Баварците објаснија зошто се одлучиле за SUV a не coupe за самостојниот M модел