Еуроимпекс Генерален увозник и на OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија!

Оpel продолжува со имплементација на бизнис планот во неколку балкански држави со ЕУРОИМПЕКС, кој е избран за генерален увозник на Opel за пет (5) земји од регионот и заедно  таргетира пораст во регионот, као у те еден многу важен чекор во имплементација на PACE! стратегискиот план на РЅА групацијата….

Оpel отиде чекор понапред во развој на својата бизнис стратегија на пазарите во Европа, објавувајќи го новиот соработник и увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија ЕУРОИМПЕКС како почитуван незавизен локален увозник и соработник.

Основана во 1990 како мала компанија со тројца вработени, за трите децении на своето постоење ЕУРОИМПЕКС остварува сериозно голем развој, каде покрај Пеugeot го превзема работењето и на Оpel, а со тоа превзема уште еден бренд од групацијата PSA.

Договорот е потпишан. Со завршниот дел од оваа трансакција, ЕУРОИМПЕКС станува генерален увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Сите вработени лица во канцеларијата на Оpel одговорни за овие пазари, согласно законите ќе бидат превземени од компанијата најдоцна на денот на завршување на трансакцијата.

Трансакцијата и лансирањето на новиот бизнис модел, ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните инситуции за заштита на конкуренцијата.

„Одлуката уште еднаш потврдува дека сè се одвива согласно целите зададени во нашиот PACE! стратегиски план.

Овој нов модел ќе допринесе нашите продажни планови во почитуваните земји, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни,“ изјави г-динот Хавиер Дукемин, Извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall и додаде: „длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“

ЕУРОИМПЕКС ја започна соработката со Peugeot брендот во 1992 година, а првиот  Договор за соработка беше потпишан во 1994 година.

ЕУРОИМПЕКС веќе пет (5) години е генерален увозник за Peugeot за сите пет (5) погоре споменати балкански земји.

До почетокот на оваа соработка, повеќе од 20.000 Peugeot возила се продадени.

Во 2019 година, на територија на Серверна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, 2.500 Opel возила беа продадени, врз основа на што се предвидува раст на брендот во годините кои следат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volvo планира да издаде зелени обврзници

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите