EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми

Секои две години, Европската програма за проценка на нови автомобили – EuroNCAP ги ажурира и ги заострува своите протоколи за тестирање. Оваа година беа воведени нови тестови за да се одговори на некои долгогодишни потреби за заштита на патниците, да се подобри заштитата по сообраќајната несреќа (судир) и промовирање на најновата напредна технологија за помош на возачот…

Клучната промена е примената на новата подвижна бариера за тестот на фронтален судир на автомобили во движење, со што се заменува пропишаниот тест со  делумно деформабилна бариера што го користеше Euro NCAP  во последните 23 години.

Овој нов тест судар не само што ја проценува заштитата на патниците во автомобилот, туку исто така проценува како предната структура на автомобилот придонесува кон повредите при судир. Важни иновации се мобилната прогресивна деформабилна бариера и единствениот метод за проценка на компатибилноста на возилото, како и првото користење на најнапредната кукла за тестирање „THOR“, во големина на мажи со просечна висина.

Страничните удару се втората најголема причина за смрт или тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа. Најновите ажурирања во оваа област на безбедносна проценка вклучуваат прилагодување на масата на бариерата и брзината на тестот, со што се зголемува сериозноста на тестот.

Што е уште поважно, Euro NCAP за прв пат ќе ја процени заштитата од удар во спротивна страна од таа на која се наоѓа возачот или патникот, фокусирајќи се на заштитата на возачот и потенцијалната интеракција помеѓу возачот и совозачот. Со последниот тест, заштитата што ја нудат новите против ударни мерки како што се централните воздушни перничиња може соодветно да се провери.

Euro NCAP продолжува да ја тестира најновата генерација на системи за заштита од судир и помош на возачот. Додадени се нови, со поголем предизвик сценарија за тестирање за да се процени AEB технологијата за автомобили и ранливите корисници на патиштата, вклучително и во ситуации на возење во рикверц и свртување на крстосниите.

Покрај тоа, се презема првиот чекор за да се процени системот за мониторинг на состојбата на возачот, дизајниран да открие замор и вознемиреност на возачот, како дел од безбедносната помош.

Подобрувањето на безбедноста на вашиот автомобил не се гледа само во зголемување на бројот воздушните перничиња или во подобри системи за помош на возачот.

Безбедноста по судирот, исто така, игра клучна улога. Во партнерство со CTIF, Меѓународната асоцијација за противпожарни и спасувачки служби, Euro NCAP разви нови правила за оценка со цел поттикнување на подобра безбедност по судирот. Производителите ќе бидат наградени кога информациите за спасување се точни и лесно достапни. Euro NCAP исто така ја проверува леснотијата на извлекување, електрични кваки на вратите, итн. И ги поддржува напредните функции на eCall.

Овие измени се главните карактеристики на новите протоколи на Euro NCAP за 2020 година. Ефикасноста на овие ажурирања, како и некои мали промени, ќе биде значајна. Затоа, клиентите мора да бидат внимателни кога директно ги споредуваат најновите резултати со оценките од претходните години. Тоа што останува исто е дека само возилата што исклучително се однесуваат во заштита од судир и избегнување на судир ќе постигнат врвен рејтинг од пет ѕвезди.

Пандемијата низ целиот свет не беше лесна за оваа индустрија, па и тестирањето на Euro NCAP  е суспендирано во последните неколку месеци. Нови резултати од тестирањата можеме да очекуваме по летото оваа 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

Политики за поттикнување на употреба на автогас