Европа наопаку, а Русите правилно!?!?

Пандемијата од корона вирус ја тресе Европа, страдаат сите стопански гранки, па и автомобилската индустрија, погоните стојат, а продажбата стрмоглаво паѓа во однос на истиот период лани, но не и во Русија каде расте продажбата на автомобили !!!

Како што е случај со многу земји во светот, вирусот COVID-19 ја парализира и Русија иако бројките на заразените и умрените се ниски во однос на бројот на населението, сепак вирусот е шири низ земјата, a допрва се чека врвот на пандемијата.

Во рамки на мерките против ширење на заразата од корона вирусот властите во Русија на вработените во јавниот сектор им дале одмор од 28 март, до рајот на април, што многумина го искористиле да заминат од градовите и отидат во викендичките и куќите во руралните предели.

Работата ја запреа и бројните фабрики за автомобили, но податоците за продажбата на возилата во март се скоро нереални со оглед на опкружувањето, наспроти тоа што пандемијата COVID-19 во посилно бим стаса дури кон рајот на минатиот месец март.

Според податоците на агенцијата за аналитика “Autostat”, во март 2020 година Русите купиле малку повеќе од 160 илјади нови автомобили.
Тоа е за 22,7 % повеќе во споредба со март минатата година.

Најпопуларната марка и понатаму е домашната Lada, што под контрола има една петина (19,7 %) од пазарот во Русија.
Во март русите купиле 31.608 автомобили со значка на Ladа, што е за 6,6 % повеќе во однос на бројката од истиот месец во претходната година.

На второ место e KIA со 23.648 продадени возила p (+34,9 %), a на трето вториот член на концернот од Јужна Кореја – Hyundai (18 илјади возила; +29,3 %).
KIA и Hyundai речиси станаа домашни марки на пазарот во Русија бидејќи во фабриката во Санкт Петербург прават автомобили за Русија со високо учество на компоненти од локални снабдувачи.

“Домашен ” статус имаат и двете преостанати марки од “Top 5”: Renault со 13 илјади продадени возила (+10,2 % е на четвртото, a Volkswagen (11.617 парчиња; +39,5 %) на петтото место, благодарение пред се на моделите што доаѓаат од фабриките во Русија во Москва и во Калуга.
Помеѓу 10 најпродавани марки се и: Toyota, Škoda, Nissan, BMW и Mercedes.

Кога станува збор за најпродаваните модели, на прво место е Lada Granta (11.986 продадени примероци), следат Lada Vesta (10.817), Kia Rio (9.751), Hyundai Creta (8.123), Volkswagen Polo Sedan (5.859).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Ford ги издвојува Bronco и Mustang како посебни марки!

Кои модели на Lada најмногу се исплатливи за првиот сопственик

Mercedes-Benz S-Class (W223) дефинитивно пристигнува есенва!

Lotus Evija во финална фаза !

Škoda тротинет- го собира на местото за резервно тркало

Fiat планира ривал на Nissan Qashqai а се враќа и Fiat Punto

Porsche e „dream car” на повеќето, потврдила анкетата!

Како би можел да изгледа спортскиот модел на Dyson!?…