Европа со построги норми на патиштата- камери што ќе мерат и бучава на возилата

Престолнината на Франција спроведува пилот програма со уред што има четири микрофони и може да го мери нивото на децибели во секој десети дел од секундата …

Знаете како е, прво ќе се „кува“ нешто во развиената Европска унија, а потоа тоа наоѓа пат и до нас, како земја која сака да пристапи до оваа заедница и мора да ја следи нејзината регулатива.

Секако ќе треба да почекаме и да видиме како ќе се развиваат  работите со најновиот тренд, на европскиот пилот проект со камерите, односно системот што го мери нивото на бучава кај автомобилите.

Во Велика Британија и во Париз во моментов се во тек пилот проекти со такви уреди.

Главниот град на Франција ја спроведува програмата со уреди кои имааат четири микрофони и можат да го мерат нивото на децибелите во секој десети дел од секундата .

Ако возилото го надмине допуштеното ниво на бучава– камерата ќе го сними, a вашиот филмски запис ќе се појави на серверот на полицијата.

Пилот проектот стартувал во јуни минатата 2019 година и ќе трае 18 месеци. Засега нема да има казни, но резултатите покажуваат дека економските експерти задолжени за полнење на буџетот во иднина ќе бидат задоволни (ако овие камери и официјално влезат во служба).

Само во една недела се регистрирани 450 престапници кои пресилно стискале на педалот за гас на своите возила и создавале бучава поголема од дозволената.

Камери за мрење на силата на звукот сакаат и во Хановер, Германија, а во Швајцарија, поточно во Базел и во Цирих исто така се „родила“ слична идеја , но тамошните градски власти се откажале од истата. Имено, таму дошле до заклучок дека возачите и без тоа премногу се казнуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страничното паркирање никогаш полесно

Honda најави опции на рачни контроли во новите модели

Технолошки и безбедносен напредок – BMW Driving Assistant View

Michelin најавува од 2023 гумите доаѓаат со чипови

BMW патентира волан што менува форма

Samsung претстави батерија за EV со досег од 800 км

Car2X нов технолошки бисер што доаѓа во Golf 8!

Авто-пилотот на Tesla ќе ги детектира боите на семафорите

Cupra Leon Competición подготвена за патеки со помош на 3Д принтер