Евтин електричен кампер- Elektro Frosch

Во Берлин, Германија, дејствува компанијата  Elektro Frosch (Електрична жаба) што произведува мали електрични возила за кампување а изненадувањето е дека се поставени на скутер со три тркала…

До сега имаат претставено мал pick – up камионет, минијатурен – bubble car автомобил, електричен скутер, најновиот додаток во нивната понуда е кампер за две лица, направен по истиот принцип.

На подвозјето на електричниот трицкил e сместена кабината за две лица, додека во багажниот простор е сместено се што ви е потребно за кампување во природа.

Тука се сместени, шатор со душеци за спиење, помала мобилна кујна, маса и две столчиња, па дури и тенда за „тераса“, пренесуваат специјализираните портали.

Веќе рековме дека погонскиот систем е електричен, a со едно полнење на батериите ова мини камп возило може да помине околу  60 km.

Должината на целиот овој модел за кампување изнесува само 274 cm, додека пак масата му изнесува 240 kg.

Батеријата има капацитет од 4,2 kWh, додека моторот располага со моќност од 3,4 КЅ.

Возилото постигнува максимална брзина  од едвај  40 km/h.

Тоа значи деа со него нема да се упатите на годишен одмор на море, но истото, сеако е идеален избор за патување на кус викенд од ден – два, во близината на местото на живеење.

Покрај големата практичност ова возило како најсилна карактеристика, а тоа го истакнува и производителот, ја има прифатливата цена .

Имено возилото на три тркала за кампување доаѓа во две големини big и pro. Цената на помалата верзија изнесува 3.990 евра, a на поголемата 4.990 европски банкноти.

Ако се знае дека Elektro Frosch своето работно возило ( pick – up) го продава по цена од 2.490 евра, а малиот автомобил за 2.990 или малку повеќе, a електричниот скутер на две тркала за само1.349 евра, станува јасно дека станува збор за една цела серија на многу пристапни (евтини) електрични мини возила.

Голем плус е и во разновидноста на понудата за разни намени, но иима и едно „ама“, а тоа е фактот  дека истите не се прилагодени за пошироката публика.

Како и да е, нема сомневање дека меѓу ентузијастите овие возила ќе бидат прифатени со „раширени раце“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro

Тркачки симулатор на Asaton Martin за што чини колку BMW 5 или Mercedes E Class

Враќање на легендарната DS (жаба)

Баварците го најави електричниот i4 удар на Tesla S

No Time To Die преполн со Aston Martin автомобили

Американец казнет со 569000 долари бидејќи од автомобил ја разгледувал Канада

Автомобили на пик на крадците во Германија