Ова е најновата верзија од eXoMod Concepts, и иако изгледа како Dodge Charger од 1960 година, всушност е целосно нов Challenger SRT Hellcat…
Станува збор за нов дел од серијата C68 Carbon, од кои само 10 примероци се подготвени за производна линија. Соодветно именуван Quicksilver за да ја одрази неговата боја, за изработка на автомобилот наводно трребале 1.500 часа и тоа чинело 345.000 американски долари (315.000 евра).
Како што пишуваат информативните агенции, секој панел од каросеријата на Challenger е заменет со ново развиени компоненти од eXoMod Concepts. Не само што овие нови делови тесно ги имитираат оние на Charger од 1968 година, туку се направени и од лесни јаглеродни влакна, што овозможи вкупната тежина да се намали за 181 килограм.
Предниот дел на автомобилот е особено импресивен благодарение на скриените фарови и специјалната хауба со големи отвори за воздух и светла за магла поставени ниско на браникот. Шемата на сребрена и црна боја исто така изгледа исклучително.
eXoMod Concepts исто така набави комплет црни тркала од 20 инчи од Forgeline, со гуми Nitto NT555.
Не се направени промени во 6,2-литарскиот V8 мотор со напојување, кој, во спецификацијата Challenger Redeye Last Call, е навиен со 807 КС. Моќниот muscle автомобил го спојува овој мотор со осумстепен TorqueFlite менувач кој ја испраќа силата на задните тркала.