F1 ги премести квалификациите поради погребот на принцот Филип

Formula 1 одлучи да направи измени во програмата за претстојниот тркачки викенд поради погребот на принцот Филип, што ќе се одржи во сабота.

Во знак на почит кон покојниот војвода од Единбург, принцот Филип и англиското кралско семејство, Formula 1 одлучи да направи промени за да не возат за време на погребот.

Програмата за во петок, пред Гран при на Реџо Емилија, се поместува половина час подоцна, додека саботната програма ќе започне еден час порано.

Првата тренинг сесија во петок ќе трае до 11 часот, а втората од 14:30 часот.

Во сабота, третиот тренинг ќе биде на програмата од 11, а квалификациите ќе започнат во 14 часот.

Што се однесува до самата трка во недела, нема промени. Tрката ќе се вози од 15 часот.

Се ќе можете да следите на Sport Club1 ТВ каналот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнува baby Jeep

Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека во Гробник

Abarth F595

Салонот во Париз се враќа идната 2022 година

Dacia: Светска премиера на салонот за автомобили IAA Mobility 2021 во Минхен

Ioniq 5 стана најпродаваниот Hyundai на електричен погон досега

Од ноќеска на полноќ поскапуваат само бензините

Политиката го победи спортот на тркачката патека во Серес , Грција

Прв увид во новиот дизајн на F1  болидите