F1 возачи ќе можат да дадат политички, верски и лични изјави на свој личен простор

Меѓународната федерација на автомобили (FIА) објави дека возачите на Формула 1 ќе можат да даваат политички, религиозни и лични изјави во „својот личен простор“.

Сепак, ќе бидат казнети доколку го кажат својот став за време на натпреварот, пренесуваат светските информативни агенции…

На возачите ќе им биде забрането да даваат такви изјави за време на доделувањето на наградата и други официјални прилики, освен во „исклучителни случаи“.

Оние кои не го почитуваат ова може да добијат различни мерки – од предупредување до исклучување, заедно со поместување на позициите во трката.

Ваквото објаснување, кое го побараа неколку возачи, беше дадено само два месеци откако FIА, во име на принципот на неутралност, додаде одредба со која се забранува давање политички и други изјави.

 

Претходно, седумкратниот светски шампион, возачот на Mercedes, Луис Хамилтон изјави дека „ништо нема да го спречи да го каже своето мислење“.

Хамилтон (Lewis Hamilton) е познат по своите изјави привлекувајќи внимание на лошата состојба со човековите права во земји како Бахреин и Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche- Откако е одбиен од Red Bull и McLaren повеќе не сака да влезе во F1

Opel и ADAC го продолжуваат партнерството во рели купот на електрични возила

Alpine A110 GT4 Evo за Pikes Peak

Извршниот директор на F1 овој спорт никогаш нема да прејде на електрични автомобили

Cadillac V-LMDh

Ferrari SF-23 нелегален!?

McLaren претстави „специјален автомобил“ – MCL60

Formula 1- претставен Ferrari SF-23

Возачите на Формула 1 не ќе смеат а даваат политички изјави