F1 возачите Valtteri Bottas и Zhou Guanyu тестираа Alfa Romeo Tonale plug-in hybrid Q4

* Целиот тим на Alfa Romeo F1 се собра во Хинвил, седиштето на Sauber Motorsport, поради нивниот годишен пред сезонски одмор. ..

По возбудливата сезона во 2022 година, тимот е фокусиран на постигнување амбициозни цели на Светското првенство во 2023 година, кое сигурно ќе биде многу конкурентно.

* Возачите Валтери Ботас (Valtteri Bottas) и  Чоу Гуанју (Zhou Guanyu) учествуваа во неконвенционално тест возење на Tonale plug-in hybrid Q4, нај-спортското возило во гамата со најдобра агилност и динамика на возење во класата, со моќ од 280 КС и погон Q4 на сите четири тркала што е дизајниран да го гарантира најдоброто во однос на стисокот, безбедноста и задоволството при возењето.

* Возачите и Tonale plug-in hybrid Q4 учествуваа во тест за реактивност, каде што сензорите постепено ја осветлуваа „вратата“ за да ја одредат рутата на возилото.

Тимот на Alfa Romeo F1 повторно е на годишен одмор пред сезоната во фабриката на Sauber Motorsport во Хинвил (Швајцарија), во седиштето на тимот. Во атмосфера на заедништво и концентрација, тимот се собра да се фокусира на стратегиите и целите за претстојното светско првенство во Формула 1.

Минатата сезона F1 тимот на Alfa Romeo беше шести, најдобар успех во последната деценија.

Покрај менаџерскиот тим, на состанокот присуствуваа и Валтери Ботас и Чоу Гуанју, возачи на Alfa Romeo F1 тимот кои наскоро ќе започнат со тестирање на болидите за сезоната 2023. Сега целта е да се пренесе страста на тимот за неговата работа на патеката.

Покрај возачите, ѕвезда во Хинвил е новиот Tonale plug-in hybrid Q4, најмоќната верзија во гамата и моделот на кој италијанската марка планира да ја заснова својата парадигма на „ефикасен спортски дух“.

Со контрола на возачите, Tonale plug-in hybrid Q4 ја покажа способноста на марката Alfa Romeo за уживање во возењето што се истакнува по својата агилност, леснотија и најдобрата возна динамика во својата класа.

Во овој случај, возилото и возачите учествувале во тест за реактивност на патека со низа „врати“ со сензори кои како што поминувало возилото постепено се вклучувале и ја одредувале трасата.

Tonale plug-in hybrid Q4, парадигма на „ефикасниот спортски дух“ на брендот Alfa Romeo

Tonale plug-in hybrid Q4, кој наскоро ќе биде достапен во продажните салони на Alfa Romeo, ја комплетира гамата Tonale, првиот модел со кој брендот го направи својот налет во светот на електрификацијата.

Новата верзија на врвот на гамата е првиот чекор кон спортскиот дух на иднината според визијата на брендот Alfa Romeo, кој радикално го менува и го насочува својот поглед кон нова ера на поврзување и електрификација, притоа останувајќи верен на неговата генетика на италијанскиот спортски дух од 1910 година.

Изразот на новата парадигма на „ефикасен спортски дух“, Tonale plug-in hybrid Q4 е најефикасниот модел на Alfa Romeo досега, со емисии на CO2 до 26 g/km, што овозможува слободен пристап до центрите на градовите, преку 80 km досег во целосно електричен режим за првокласен дневен досег и до 600 km вкупен опсег за понатамошни дестинации на автопатите.

Alfa Romeo Tonale plug-in hybrid Q4 комбинира ефикасност и одржливост со најдоброто од спортскиот карактер.

Вкупната моќност од 280 КС го става на самиот врв во својот сегмент, со забрзување од 0 до 100 km/h за само 6,2 секунди и максимална брзина од 135 km/h во целосно електричен режим и 206 km/h во хибриден Мод.

Чувството на моќ што може да се постигне за време на забрзувањето го подобрува системот e-AWD, бидејќи задната оска реагира веднаш штом педалот за гасот ќе се притисне благодарение на моменталниот вртежен момент на електричниот мотор.

 

ПР. Соопштение

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Mufasa

Регистерска табличка со ознака „R“ продадена за три милиони евра

Најдобри возачи на светот се Јапонци, а најлоши од Тајланд

Популарноста на кинеските возила расте ширум светот

Maserati би можел да направи неколку уникатни модели

Супер-спортист на Lamborghini, со делови“ од пристапни секојдневни модели!

Како би изгледало кога Bugatti, Porsche и Rolls-Royce би произведувале камиони?

VW ја разгледува можноста за електричен pick – up наменет за пазарот во САД

Ineos планира повеќе нови модели вклучувајќи и два електрични