Фајненшл тајмс“ го прогласи БАТ за европски лидер во заштитата на климата

Познатиот меѓународен деловен весник Financial Times му ја додели на BAT титулата лидер во заштитата на климата (Climate Leader) меѓу европските компании. ..

Списокот на Financial Times кој го состави истражувачкото друштво „Статиста“, покажува дека европските компании вложуваат значителни напори во борбата против климатските промени.

 

Во својот најнов извештај за одржливо работење (извештај за еколошкото, општественото и корпоративното управување за 2020 година), BAТ се обврза да постигне јаглеродна неутралност во целиот свој синџир на вредности до 2050 година.

Покрај намалувањето на јаглеродниот отпечаток, компанијата си постави цел да користи 30 отсто рециклирана вода до 2025 година, како и да сертифицира 100 проценти од своите производни локации со сертификат издаден од Сојузот за управување со води (AWS) во истиот временски период.

– BAТ е исклучително посветен на тоа да биде одговорна компанија и да го намали своето влијание врз животната средина. Многу сме задоволни што Financial Times нѐ прогласи за едни од лидерите меѓу компаниите што ја предводат борбата против климатските промени – изјави Кингсли Витон, главен директор за маркетинг на BAT.

Еколошкото, општественото и корпоративното управување е клучен дел од корпоративната стратегија на BAT за изградба на подобро утре – со намалувањето на влијанието на своето работење врз здравјето, нудејќи им на потрошувачите поголем избор на помалку ризични производи („Подобро утре“). На тој начин, компанијата вложува и во подигнување на стандардите на одржливо работење.

ва последно признание на Financial Times е само едно од многубројните признанија за напорите што ова друштво ги вложува во одговорното работење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Opel и останатите марки од групата Stellantis нема да учествуваат на салонот во Минхен

И Стокхолм без бензински и дизел возила

Хакери украле податоци од три милиони купувачи на Volkswagen

Кога е време да ги оставите клучевите и како да возите безбедно на повозрасни години

Volkswagen постигна спогоди со своите екс шефови од 288 милиони евра – „и големите риби ќе платат„

Франција ги обвини VW и Peugeot за мамење со емисијата на штетни гасови

Hyundai се откажува од V8 мотори

Ferrari има нов „шеф“

Renault обвинет дека лажирал податоци за емисија на штетни гасови