FCA инвестираа 700 милиони евра за производство на Fiat 500 BEV во Италија

Од FCA најавуваат стартување на нов инвестиционен циклус од пет милијарди евра за период од три години во Италија, а почнуваат со вложување од 700 милиони евра за производство на електричниот Fiat во погоните во Мирафиори…

Oд Fiat изјавиja дека планираат да инвестираат 700 милиони евра (788 милиони американски долари) во целосно новиот, електричен Fiat 500. Тоа е најголемиот поединечен  влог за електрични возила на FCA до сега.

Инвестицијата ја објави Пиетро Горлиер, главен оперативен директор за Европа, Блискиот Исток и Африка, кој посочи дека ова се однесува за фабриката Мирафиори во Торино, Италија, која годинава слави 80 години од постоење. „

Планот е потврден“, изјави Горлиер за медиумите кога беше прашан дали FCA и понатаму е посветена на инвестирање во технологија на електрични возила, откако планот за спојување со Renault пропадна.

Горлиер изјави дека инвестицијата ќе оди кон изградба на нова производна линија во Мирафиори, способна да произведува 80.000 единици годишно од новиот електричен модел, со потенцијал за проширување на капацитетите подоцна.

Претстојниот Fiat 500 ВEV ќе биде првото електрично возило на компанијата во Европа, бидејќи неуспешниот 500е беше ексклузивен за САД.

Извршниот директор најави дека производството ќе започне во вториот квартал од 2020 година.

Според плановите на FCA, околу 1.200 луѓе ќе бидат задолжени за производството на Fiat 500 BEV, но електричниот градски автомобил можеби нема да биде единствениот електричен модел произведен во Мирафиори.

„Овој автомобил беше целосно замислен, дизајниран и конструиран овде. Тоа е вистински производ на ‘Made at Fiat’ и ‘Made in Turin’.

Ова е уште еден одличен пример за способноста да се создаде и да се иновира она што изобилува во нашата компанија и во овој град “, рече Горлиер.

Електричниот Fiat 500, за кој Гориер вели дека ќе донесе најсовремени решенија, е дел од многу поширокиот инвестициски план што FCA го има за Италија во периодот 2019-2021 година.

Компанијата вети дека ќе инвестира вкупно пет (5) милијарди евра за да го обнови својот асортиман со воведување 13 нови или значително освежени модели и сеопфатна понуда на електрични возила, вклучувајќи и 12 електрифицирани верзии на нови или постоечки модели.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler

Најавена електричната Nissan Ariya

VW го загуби клучниот спор во аферата Dieselgate

Женева 2021 под знак на прашалник!

Renault затвора четири фабрики во Франција!?

Во Dacia подготвуваат нов SUV со седум седишта