FCA од Владата на Италија добива 7,1 милијарда долари заем

Групата FCA е на прагот (чекор) да добие најголем државен заем во автомобилската индустрија за пост-корона периодот, пишува специјализиранит пoртали…

Уште во мај се зборуваше дека Групацијата Fiat-Chrysler разгледува опција за заем од италијанската влада вреден дури 6,3 милијарди евра (7,1 милијарди долари), а сега се чини дека договорот е близу до реализација.

Италијанската влада објави дека е подготвена да одобри заем што на тој начин би станал најголемиот европски финансиски поттик за производителот на автомобили од почетокот на пандемијата на корона вирусот, пренесува Autonews Europe.

Конечно, „амин“ од италијанското Министерство за финансии може да се случи оваа недела, откако бирократските служби веќе се договорија за деталите и ги одобрија условите на заемот, изјавија извори запознаени со предметот. Следниот чекор е зелено светло од италијанскиот државен ревизор.

Патем, италијанската банкарска групација Intesa Sanpoulo S.p.A веќе даде дозвола за заем за минатиот месец, а кредитното осигурување на Sace S.p.A понуди да гарантира 80 % од сумата.

FCA веќе објави дека планира да ги користи средствата исклучиво за своите италијански активности, како што се платите на работниците и долговите кон домашните добавувачи, како и за претходно планираните инвестиции во домашни постројки.

Автомобилскиот синџир на снабдување во рамките на групата FCA во Италија брои околу 200.000 (!?) мали и средни претпријатија, со што се создаваат повеќе од 100 милијарди евра годишен приход.

Компанијата предвидува дека обемот на продажба на автомобили во Италија годинава ќе се намали за вкупно околу 45%, на околу 1,2 милиони во однос на 2,1 милиони продадени возила во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно цело село во Франција ќе вози Renault Zoe!

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series

Неуништливиот Aurus: Луксузната руска лимузината ги мина сите тестови

Најавен новиот Ford Bronco

Шефот на Nissan се извини поради загубите!

Lamborghini најави промоција на ново возило на 8 јули

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!