FCA отвора нов Alfa Romeo, Fiat и Lancia “Heritage” музеј

На љубителите на автомобилите на Групацијата FCA , од сега, им се нуди можност да се восхитуваат на моделите на овој гигант во ново отворениот Heritage HUB музеј…

Музејот е дизајниран со цел да ја промовира историјата на италијанските брендови на таа Групација .

Неговата локација е, сосема разбирливо, во Италија, а Heritage HUB е ексклузивен изложбен простор за модели од програмата на FCA Heritage’s Reloaded by Creators.

Станува збор за програма со главна интенција – реставрирање и продажба на класичните автомобили, како што е на пример моделот Alfa Romeo 8C Spider, за кој веќе неколку пати пишувавме.

Спомнатиот „салон“ за историски и обновени автомобили на италијанските марки се простира на 15.000 метри квадратни, a во него се сметени повеќе од 250 класични автомобили.

Интересно е дека помеѓу експонатите се и автомобили што досега никогаш не биле прикажани.

Претставниците на Групацијата FCA ја опишуваат оваа вредна колекција како  „ храм на едукацијата но и на емоциите “.

Ќе бидат вработени неколку водичи, a во „централниот“ дел на салонот се наоѓаат осум тематски изложби.

Секоја од наведените изложби е сочинета од по осум автомобили и тоа од различни временски периоди и воедно од различни брендови, кои се под капата на FCA а се од Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan GT-R Nismo 2020 со деби на Њујорк 2019!

Новиот McLaren – Grand Tourer во пред производна фаза!?

Volvo и Премиум АГС во офанзива на домашна сцена

Ford Kuga III треба да пристигне за неколку дена

Најавен Aston Martin DBS GT Zagato

Škoda Kamiq RS со 240 КЅ- мал SUV со тркачки гени!

Ford гради нови постројки за автономни возила

Škoda до 2023 најави над 30 нови модели

Engler Automotive Superquad