Ferrari 488 GT Modificata

Најновото тркачко „ждребе“ од Маранело  се нарекува 488 GT Modificata е модел кој ќе се произведува во ограничено издание за само мал број на среќници…

Ferrari 488 GT Modificata е модел кој е наменет за тркачките патеки со технологија развиена за 488 GT3 и 488 GTE и  може да се користи само на тркачките патеки, како и на Ferrari Club Competizioni GT настаните., Автомобилот се напојува со битурбо V8 мотор,  со околу 700 КС, што е многу повеќе од GT3 и GTE варијантите. Новиот трансмисиски сооднос и карбонската спојка помагаат во зголемување на моќноста и вртежниот момент.

Ferrari 488 GT Modificataе еден вид микс на 488 GT3 и GTE, а од FGerrari  тврдат дека ги комбинира нивните ефективни и иновативни решенијам при што новиот модел исто така има корист од фактот дека неговиот погон  не е ограничен од страна на правилата на FIA.

Инженерите на Ferrari го збогатија 488 GT Modificata со обновени аеродинамички карактеристики, преместувајќи ја потисната сила во средниот преден дел, обезбедувајќи повисок аеродинамички потисок напред, без да се зголеми севкупниот отпор со  што станува помалку чувствителен на промените на задниот дел. Севкупниот аеродинамички потисок е генериран на повеќе од 1.000 кг при 230 км/ч.

Како и 488 GTE, каросеријата е направена речиси целосно од карбон, освен алуминиумскиот покрив. Сопирачкиот систем е развиен заедно со Brembo. ABS системот е позајмен од 488 GT3 Evo 2020, но е подесен конкретно за GT Modificata.

Во стандардната опрема е вклучен и V-Box кој работи заедно со системот за собирање на телеметрички податоци на Bosch. Тука се и задна камера со висока резолуција, второ седиште, плус TPMS систем за мерење на температурата и притисокот.

Персонализацијата е уште едан аспект со кој Ferrari  им „угодува“ на купувачите кои можат да добијат речиси се што сакаат во однос на екстериерот и естетиката на ентериерот.

Ќе се произведува во ограничена серија и ќе се продава само на возачи кои неодамна учествувале во Competizione GT со Ferrari или Club Competizione GT. Календарот за следната година во Club Competizione GT ги вклучува Virginia International Raceway, Monza, Watkins GLen, Suzuka и Nurburgring….

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто е брз болидот на Bugatti

Audi RS7 – Најбрзиот блиндиран автомобил на светот

Ѕвездите на FC Barcelona нурнаа во светот на Cupra!

Ford Bronco добива pick-up варијанта

Ital Design најавува нов DeLorean

Abarth 595 Hercules болид во микро-пакување навиен на 217 KС

Дали електричниот Rolls Royce ќе се вика Silent Shadow!?

Најавен модерен Porsche 914

Lada Niva на Nirburgring