Ferrari F171

Ferrari подготвува уште еден хибриден спортски модел, кој во моментов е познат под фабрички код F171.

Како што стојат работите сега, F171 би можел да ја има својата премиера веќе на крајот на 2021 година, иако продажбата треба да започне во текот на 2022 година, по цена од околу 200.000 фунти.

Како најава доаѓа нов неофицијален рендер од британското списание „Autocar.

Засега е познато дека F171 треба да комбинира 3.0-литарски twin turbo V6 бензинец и еден електромотор, со вкупно околу 700кс (некои извори споменуваат 723кс и 1085 Nm), додека погонот е само на задните тркала .

Исто така, ќе може да се вози само во електричен режим, до 32 км.

Сличен погонски систем, наводно, може да се добие и на моделот Purosangue SUV.

Инаку, Ferrari ќе го лансира својот прв целосно електричен модел во 2025 година, а компанијата неодамна вети дека автомобилот „ќе им донесе уникатност и страст“ на брендот „нови генерации“. Се додава дека 2022 година „исто така ќе биде година на важни лансирања на нови производи, особено на Purosangue (првиот SUV на Ferrar), што се покажа како нешто навистина посебно“.

Ферари продаде 9.119 автомобили во текот на 2020 година, што е за околу 10% помалку отколку во 2019 година.

И како што веќе пишаме во претходните информации денес, Ferrari доби нов шеф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi Sky Sphere Concept

Fiat Pulse – внатрешност

Новиот Subaru WRX најавен за 19 август

Пристигна Fiat 500 Cabrio Dolcevita – убавина што го одзема здивот

Alpinа B4 Gran Coupe

Пристигна новиот CITROËN C3 AIRCROSS SUV

Најавен и EQS луксузен SUV на Mercedes-Maybach

Fiat Centoventi – новата Pandaпристигнува идната 2022 година!

Great Wall Tank 600