Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000

Како и што доликува на најпопуларниот тим во Formula1 – Ferrari, денес, беше претставен болидот со кој екипата ќе јуриша на титулата во следната сезона 2020 –та …

Да почнеме првин со бојата, таа е истата од минатата сезона – 2019 –та, a посебно место на болидот е обезбедено за главниот спонзор на екипата, Mission Winnow, односно за Phillip Morris.

„ Прославуваме 1000-та по ред grand prix за легендарната екипа  Scuderia Ferrari и 70 години континуирана историја во Formula 1. Тимот на Ferrari секогаш бил тука, не сме пропуштил ниту една година (сезона)”  рекол помеѓу другото, Луиc Камилиери (Louis Camilleri), извршен дирекот за Ferrari и Phillip Morris, на промоцијата на новиот болид.

Поради тоа овој модел симболично е именуван SF1000 поради веќе спомнатите илјада по ред настапи на трките, во кои се остварени 238 победи.

„ Јасно е дека пред нас е интересна година, преполна со неизвесни натпреварувања, долга сезона, но истовремено и од големо значење во која мора да креираме и развиеме потполно нов болид, во согласност со прописите што ќе стапат на сила од наредната 2021 година, па така тимот ќ биде многу зафатен .“ рекол помеѓу другото Камилери.

 

Боите на италијанскиот тим и понатаму ќе ги бранат возачите (пилоти на болиди) Шарл Леклерк (Charles Leclerc) и четирикратниот шампион во Formula 1 Себастијан Фетел (Sebastian Vettel).

Младиот и супер талентиран Леклерк пред неколку потпиша нов договор со кој ќе остане во тимот на Ferari до 20240та година, додека, пак, на Себастијан Фетел, договорот му истекува на крајот на тековната 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020

И по претпоследната етапа на Dakar  Rally се уште ништо не е јасно!

Фернандо Алонзо – губитник на 10-та етапа со тумбање во трипл „салто“!

Rally Dakar – „испари“ прeдноста на Сајнц !

Dakar Rally 2020 ја зема првата жртва- загина Португалецот Пауло Гонкалвес

По Cајнц и Петерхансел со втора победа во Dakar 2020

Сајнц освои втора етапа од шесте досегашни на годинешниот Dakar

Dakar Rally четири дена четири победници!