Познатиот канадски пејач Џастин Бибер (Justin Bieber) се најде на црната листа на на производителот на супер спортски модели од Маранело – Ferrari…
Ferrari и го стави Бибер на неславната листа на луѓе кои никогаш повеќе нема да можат да купат нов автомобил од Маранело. Пејачoт е позната по ексклузивни супер автомобили, а меѓу нив се Ferrari LaFerrari, Fisker Karma, Ferrari 458 Italia и други.
Сепак, поп ѕвездата направи грешка која е непростлива во Ferrari. Бибер во суштина не почитувал јасни правила, односно не го почитувал етичкиот кодекс на кој инсистира компанијата од Маранело, па забраната е конечна, пренесуваат специјализираните портали.
Пејачот купил Ferrari 458 Italia и го обоил во електрично сина боја (Electric Blue), а работата му ја завршила екипа од West Coast Customs. Тој исто така постави широк боди кит од Liberty Walk, а неговата најголема и непростлива грешка е што дури и логото на Ferrari на неговиот болид е направено во сина боја.
Ferrari го известува секој клиент дека „не треба да си игра“ со автомобилот, па затоа не дозволува нелегални модификации на моторот, какви било модификации на каросеријата, а потребна е лиценца за бојадисување на автомобилот.
Уште една грешка на Бибер е што го продаде своето сино Ferrari на аукција во 2017 година, неполна година по купувањето, што компанијата од Маранело исто така не го дозволува.
За среќа на Бибер, ништо не го спречува да купува модели на Ferrari од други сопственици.
На црната листа на Ferrari се старлетата Ким Кардашијан (Kim Kardashian), како и прославениот актер од Холивуд – Николас Кејџ (Nicolas Cage).