Ferrari има нов „шеф“

Бенедето Виња е новиот извршен директор на Ferrari….

По шестмесечно пребарување, италијанскиот бренд конечно најде личност на чело на оваа компанија. Откако Луис Камилери нагло го напушти кормилото на Ferrari во декември минатата година, оваа марка беше „обезглавена“ скоро шест месеци.

Бенедето Виња има 51 година и во моментов е еден од лидерите во одделот за чипови во ST Microelectronics, најголемиот производител на полупроводници во Европа. Новата позиција ќе ја преземе на 1 септември, кога и официјално ќе започне да управува со Ferrari.

„Голема чест е да се приклучам на Ferrari како извршен директор, чувствувам еднаква доза на возбуда и одговорност“, рече Виња. Тој додаде дека е возбуден од големите можности што ги очекуваат, но и дека чувствува значителна одговорност кон самиот бренд, како и кон сите вработени.

Виња помина 26 години во ST Microelectronics . Тука, уште во 1995 година, тој основаше оддел за микро електромеханички системи и сензори. Денес тој оддел е убедливо најпрофитабилниот дел од споменатата компанија.

Бенедето се очекува да го доведе Ferrari во нова ера, пред се во однос на електрификацијата. Скудерија Scuderia треба да го претстави својот прв електричен автомобил до 2025 година, по што ќе настапи посилно во сегментот EV.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Tonale сепак ќе дебитира годинава

Електрична треска во Европа -Франција за две години со тројно поголема продажба на ЕВ

Lexus подготвува ривал на Audi Q2

Италијанската дивизија на Stellantis го напаѓа премиум В сегментот

Запрени испораките на Tesla Model S

Најавен  ЅsangYong Х200

Првиот човек на Alfa Romeo: Мораме да го подобриме квалитетот

BMW M3 CS Пристигнува 2023 година

По извесен период цените на горивата во надолна линија