Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Италијанскиот производител Ferrari не сака да започне со производство на електричен супер автомобил се додека технологијата не биде на ниво што е  според стандардните на престижната супер спортска марка …

Кога Ferrari го претстави SF90 Stradale, својот најмоќен сериски автомобил досега, направи и промена во насоката на италијанскиот бренд и неговите идни производи, бидејќи SF90 Stradale е првиот plug-in хибриден модел од Маранело.

Но, тоа не му пречеше да генерира големиот број на позитивни реакции од страна на купувачите и обожавателите., на марката и веќе со првиот контингент кој пристигнува до гордите сопственици, до летото годинава, јасно е дека Ferrari презема сериозни чекори кон електрификацијата.

Прашање е колку далеку се подготвени Италијанците да одат за кратко време, а во овој период „полето” на електрични автомобили забрзано станува арена за производителите на супер и хипер автомобили.

Шефот на маркетинг во Ferrari, Енрико Галиера, изјави дека засега нема дефинитивни планови за чисто електричен модел, па зато и не треба да се очекува таков примерок најмалку во следните пет години. Во суштина, тоа е во согласност со поднесувањето на молбата за заштита на патентот и шпекулациите кои се јавуваат околу електричниот Ferrari.

„Постојат некои конкуренти кои влегуваат на пазарот со новата технологија. Ние го следиме ова, но дали тоа ќе претставува проблем за Ferrari? Мислам дека не, првенствено од причината за специфичноста кон која Ferrari цели“, изјавил Галиера.

Тој додаде дека технологијата на батерии не е доволно развиена за да ги задоволи потребите на супер автомобилите, неврзано за Ferrari, но и дека  тоа не е нешто што го отфрла во целост.

Сепак, зависи од тоа до која мерка на италијанскиот производител ќе му биде овозможено да произведе нешто што и понатаму 100% ќе биде составено од DNA на Ferrari.

„Штом технологијата на електрификација се развие во доволна мерка, тоа ќе ни овозможи да произведеме автомобил кој ќе биде во согласност со нашата позиција. Меѓутоа, клучот лежи во технологијата. Ние нема да направиме електричен Ferrari сама зa да имаме таков модел во гамата. Ако воведеме нова технологија, тогаш треба да донесеме нешто ново на пазарот. На тој начин Ferrari секогаш функционирал кога станува збор за технологијата. Тој вид на еволуција е 100 проценти во нашата ДНК“, заклучи Галиера.

Ваквиот став на италијанската компанија треба да се разбере и почитува бидејќи  е сакаат да си дозволат  „кикс“ веќе при првиот обид со електрично возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Корона вирусот ќе влиjае на сите идни автомобили

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

NEVS го претстави Sango автономното возило како дел од PONS

Maserati со одлука што може скапо да го чини- нема повеќе да користи мотори од Ferrari!

Lucid Air со најголема аеро-ефикасност на светот