Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Од Ferrari го претставија нивниот 10-ти уникатен модел базиран врз V12 платформата на  P540 Superfast Aperta, наречен Omologata…

Уникатната креација на Ferrari е базирана на 812 Superfast, но, заштитното предно стакло и предните светла се единствениот дел од каросеријата кој не е променет.

Финишот во Rosso Magma (Црвена лава) боја и специјална тркачка „одора“, е надополнета со нов body kit за Ferrari Omologata, во кој меѓу другото се: рамна овална решетка, заоблен дел над сводовите на предните тркала, три хоризонтални трансверзални исечоци наместо задно стакло и длабоко поставени единечни задни светла.

На надворешноста се издвојуваат и истакнатиот заден спојлер и големиот дифузер. Внатре, Ferrari Omologata изгледа подеднакво уникатно и е потсетник на богатото тркачко наследство на брендот низ голем број детали. : сините седишта, финиширани во комбинација на кожа и Jeans Aunde материјал, кои се истакнуваат како контраст на црниот ентериер.

Недостатокот на задно светло и екран креираат атмосфера во кабината, како и металните делови на инструменталната табла и управувачот. Тие се со финиш во „испукана“ боја која асоцира на големите GT тркачи од 50-тите и 60-тите години. Потсетник на минатото е ефектот на кован метал во чест на 250 LM и 250 GTO, кој се наоѓа на рачките од вратите.

Инаку, Omologata е направен по нарачка на неименуван европски купувач. Желбата била да се креира „футуристички дизајн со карактеристични елементи но овој пат “прераскажани“ во свеж стил за да се создаде потенцијал за безвременска форма која ќе остави долготрајна импресија“.

За да се заврши целиот проект потребни биле нешто повеќе од две години. Автомобилот содржи голем број инспирации, од богатото наследство од бројните натпревари, на што се надоврзуваат футуристички елементи и  модерна архитектура.

Во Ferrari внимаваа на детали па така развиле нова нијанса на црвена боја само за „униформата“ да се совпаѓа со силниот финиш кој се карактеризира со Rosso Magma боја во три слоја нанесена преку затемнет карбон.

Од Ferrari не откриваат дали погонот на Omologata има промени во однос на 812 Superfast. Но за такво нешто нема ниту потребно потреба, бидејќи стандардниот автомобил е најбрзиот и најмоќниот Ferrari со мотор поставен на предната страна кој некогаш е направен.

Инаку овој супер автомобил го движи 6,5-литарски атмосферски V12 мотор кој испорачува 800 КС и 718 Nm максимален вртежен момент.

Моќноста се испраќа на задните тркала преку седум степен автоматски менувач со двојна спојка.

Таа комбинација овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за само 2,9 секунди и максималната брзина од 340 ки/ч. Зарем е потребно повеќе?

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford Focus RS RX на Кен Блок продаден за 200.000 долари

Вака би можел да изгледа новиот Volkswagen Corrado и ни се допаѓа!

Нај-непристојни се возачите на BMW

Шведска станува вселенска сила- најавува лансирање на сателити

И Ferrari отповикува автомобили!

Најскапа гаража во светот

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија