Ferrari Portofino M -„Пропнатото коњче“ блеска и во време на криза!

Дотераната верзија е засилена на 620 KS и од 0 со 100 км/ч спринтира за 3.4 секунди и јури се до максималните 320 км/ч….

Ferrari Portofino, наследникот на California T, ја зголеми моќта 3,9 V8 biturbo бензинскиот од 600 на 620 КС за третиот роденден и доби 8-степен автоматски менувач со две спојки…

Ferrari е меѓу компаниите на кои пандемијата CPVID-19 не ќе им нанесе поголема штета. Во деловната и финансиската катаклизма, богатите кои купуваат автомобили со знакот на „Пропнатото коњче“ ќе станат уште побогати.

Ним им е наменет темелно редизајнираниот Ferrari Portofino, кој доби М во ознаката (modificata). Наследникот на Ferrari California T, кој беше претставен во септември 2017 година на Саемот за автомобили во Франкфурт однадвор, е препознатлив по новите LED светлосни елементи, попривлечните бандажи, поголемите отвори за воздух на предните калници.

Новиот Top Gun од Маранело, долг 4594, широк 2020 и висок 1318 мм, доби збогатена дигитална табла со инструменти, а сопатникот сега има 7 инчен дополнителен дисплеј за прилагодување на информативно-забаваниот систем.

Тој е опремен со сите високо-технолошки гаџети, вклучувајќи камера од 360 степени.

Најголеми подобрувања има кај na twinturbo бензинецот Ferrari F154BE V8, со работен волумен од  3855 кубни сантиметри  инсталиран надолжно зад оската на предните тркала (т.е. централно).

Истиот сега има зголемена моќност на 620 КС при 5750 до 7500 в/ мин, со непроменет максимален вртежен момент од 760 Nm при 3000 до 5750 в/ мин.

Ова се постигнува со „поостри“ брегасти вратила, кои ја зголемиле брзината и одот на вентилите, со поотворен издувен систем и прилагодено „мапирање“ на палење и вбризгување.

Тој е опремен со филтер за бензинска саѓи и ги исполнува еко-стандардите Euro 6d. Подобрување има и во преносот на силата. Наместо 7-степен автоматски менувач со две спојки, инсталиран е 8-степен менувач, испорачан од Magna.

Преку контролорот на централниот гребен, возачот може да избере една од петте програми за динамика на возење: Wet, Comfort, Sport, Race, ESC-Off (влажна, пријатна, спортска, тркачка, исклучена ESC).

Подобрената активна суспензија SCM-E придонесува за подобра динамика на возењето. Перформансите се на ниво на името Ferrari  – забрзуваат од 0 до 100 км/ ч за 3,4 секунди и можат да достигне максимална брзина од 320 км/ч.

Ferrari Portofino M Ферари  ќе чини 190 000 евра на пазарот во Германија…..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS

Himalaya Summit Series Defender