Ferrari Purosangue ќе биде посилен од Lambroghini Urus

Во Ferrari во моментов работат на својот прв SUV модел, што го носи името Purosangue, а за кој се очекува дека ќе располага со поголема моќност од моделот Lambroghini Urus…

Во информацијата пренесена од порталот „Врели Гуми“,  се вели дека претставниците на производителот на супер спортски автомобили од Маранело засега не ги откриваат информациите поврзани со нивниот SUV модел..

Од тоа што до сега е позната може да се сублимира само неговото име – Purosangue (во македонска транскрипција чистокрвен).

Меѓутоа, многумина претпоставуваат дека овој нов SUV ќе ги помести границите , кога станува збор за категоријата на SUV возилата.

Се очекува дека срцето на моделот Ferrari Purosangue ќе биде моќен бензински агрегат, со осум цилиндри, што се поставени во конфигурација на латинската буква V.

Дали тој мотор ќе биде надграден со турбо полнач, или дури и bi turbo, односно ќе го прифати глобалниот тренд на електрификација и ќе биде  насочен кон хибридизација, останува да погаѓаме, или, поедноставно, да бидеме трпеливи и да почекаме до следните информации од производителот.

Тоа што сепак ни е познато е дека Lamborghini Urus располага со моќ од 641 КЅ „исцедени“ од 4,0-литарски twin-turbo бензински мотор со осум цилиндри поставени во V конфигурација.

Па така ако евентуално новиот модел и прв SUV од Маранело биде опремен со хибриден погонски систем, големи се шансите Purosangue на тркалата да испорачува поголема сила.

На познавачите на работите опцијата со хибриден погонски склоп им изгледа најверојатна моќна комбинација.

Одлуката на компанијата Ferrari да создаде прв SUV модел во нивната понуда е мотивирана од очекувањата за остварување на профите бидејќи влегуваат во лукративниот и се побаран сегмент на скапи спортски SUV возила што од ден во ден се побрзо р

 

Исто така, SUV манијата на глобално рамниште ги тресе сите производители на ексклузивни модели па на тој предизвик не одолеале ниту марки какви што се Lamorghini, Bentley, Rolls-Royce и секако Porsche што е најнапреден во овој сегмент.

Во скоро време дури и англиските спортски марки: Lotus и Aston Martin најавија лансирање на нивни спортски SUV модели со намера да ја прошират понудата. Токму поради сето тоа беше прашање само на време кога луѓето од Маранело ќе се решат самите да започнат таков проект.

Во овој момент никој надвор од Ferrari не е запознаен со тоа како ќе изгледа Purosangue.

Но, познавачите, сепак очекуваат спортскиот SUV да го споделува истиот дизајнерски правец што го имаат сите актуелни модели на производителот од Маранело.

Па ако тоа и навистина се случи, тогаш можеме да очекуваме креација со атрактивни, остри и „агресивни“ предни светлосни групи, потоа тркалезни задни светла како и сет на големи тркала опремени со атрактивни фелни од лесни легури.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo 4C Competizione limited edition за повторно вљубување!

Fiat развива SUV што ќе се произведува во Крагуевац!

BMW M8 MotoGP Safety Car

Концернот „Калашњиков“ со нов автомобил за carshearing!

Произведен 10 милионити Mini

Bentley со Mulliner го реинкарнира уникатниот Corniche !

Pininfarina  планира електрична лимузина и СУВ

Lotus со измени на своето лого!

Две децении на Porsche 911 GT3 вистински сладок залак за познавачите