Фетел го купи болидот Williams FW14B што го возел Менсел

Иако сè уште нема ангажман за следната сезона, четирикратниот светски шампион во Ф1, Себастијан Фетел најде начин да се забавува купувајќи го Williams FW14B од 1992 година што таа сезона бил управуван од Најџел Менсел…

Оваа сезона, која е последна и за Фетел (Vettel) во Ferrari, а можеби и во Формула 1, дефинитивно не оди според планот бидејќи SF1000 од болидот способен за победа, „пропадна“ во средината на поредокот, па дури и пониско  …

Но, Германецот барем има доволно пари за да се „забавуваме“ на некој друг начин!

Имено, Фетел е голем љубител на старите мотоцикли, но и на Ф1 болидите од периодот на „златните“ 80-ти и средината на 90-тите, кога беа напојувани од далеку поегзотични енергетски единици.

Така, Себастијан, според германскиот печат, неодамна на аукција го купи шампионскиот Williams FW14B од 1992 година, управуван од Најџел Менсел (Nigel Mansell).

Според Фетел, тој автомобил отсекогаш бил еден од неговите омилени, а имајќи предвид дека легендарниот Менсел го имаше бројот 5, како што го има и Фетел сега, едноставно не можел да ја пропушти можноста!

Да потсетиме, FW14B бил придвижуван од 3,5-литарски V10 мотор на Renault, а во 1992 година менсел ја освои првата и единствена F1 титула управувајќи го токму тој болид.

Не е познато колку Германецот го платил овој Williams, но во 2019 година еден од шесте произведени FW14B (за Менсел и Патресе) беше продаден на аукцијата на Бонамс (Bonhams )за нешто повеќе од три милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на Lamborghini станува извршен директор на Formula 1

Peugeot подготвува ултимативен „спортист“ за Le Mans 2022

Alpine F1® Team влегува во Formula 1 ново име во големиот циркус на тркал

Цените на горивата повторно паѓаат

Renault Talisman отстапува место на електрична лимузина!

BMW M4 GT3 е подготвен да се упати на тркачките патеки

KIA Sonet нов SUV од Кореја но не и за европскиот пазар!

Subaru WRX S4 STI Sport #

Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември