FIA иницира нова тркачка класа на електрични болиди

Неделава Светската автомобилска федерација ги објави техничките спецификации на GT возилата кои ќе можат да се натпреваруваат во ново воспоставената категорија, според новите правила и со напредни технологии што се применуваат кај тркачките и патните возила…

Светската автомобилска федерација (FIA) неделава објави технички правила за возила што ќе можат да се натпреваруваат во новата GT класа на електрични тркачки автомобили, што треба да отвори некои нови поглавја во автомобилизам.

Според нив, концептот е единствена комбинација на иновации досега невидени во овој спорт, а крајната цел на новата класа е да се постават темелите за развој на нови технологии, релевантни за тркачите, но и за патните возила на производителите кои ќе учествуваат на трки.

Автомобилите, слични на сегашната класа GT3, ќе се напојуваат исклучиво од електрични мотори, ќе се натпреваруваат на стандардните тркачки патеки ширум светот и ќе поставуваат нови стандарди кога станува збор за перформансите и досегот на електрични возила.

Новата категорија ќе биде отворена за производителите кои своите автомобили GT3 ќе ги претворат во електрична енергија, но и за оние кои немаат искуство со тркачки автомобили на фосилни горива и сакаат да се испробаат во електричниот сегмент.

Во бокс и право на полнач

Минималната тежина на возилото за оваа класа ќе биде од 1.490 до 1.530 килограми, најголемата моќност ќе биде 430 kW (576 КС), но она што е најголемата иновација досега е технологијата за складирање на енергија, т.е. батеријата.

Автомобилите од оваа класа нема да се потпираат на конвенционалните батерии, туку производителите ќе набават модули за литиум-јонски батерии по нарачка.

Тие ќе бидат произведени од Saft, а благодарение на прилагодливоста на формите и големини, дизајнерите и инженерите ќе можат да ги сместат во возилото каде што сакаат.

Батериите ќе дадат максимална моќност од 700 kW, и со истата моќност ќе можат и брзо да се полнат – така што во средината на трката ќе може да се дополнат со плус колу 60% од вкупниот капацитет на батеријата за само неколку минути .

Овој концепт е во согласност со долгорочната визија на FIA за воведување на обновливи извори на енергија во мото-спортот, истовремено одразувајќи ги тековните трендови во автомобилската индустрија.

Детали за трките во оваа категорија ќе бидат објавени подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спринт квалификации на три трки во Formula 1 во сезоната 2021

Фантастичен резултат на Македонците на „Хунгароринг“

F1 ги премести квалификациите поради погребот на принцот Филип

Мајами од наредната 2022 година во календарот на F1

Кам-бек на „ТВИНГОВЦИТЕ“: Сезоната стартува викендов на  „Hungaroring FIA CEZ“

Како се тестира (малтретира) Porsche 911 GT3

WRC шампионатот од следната сезона поаѓа во хибридна иднина

Новата електрична Kia EV6 за еден ден освои 21.000 купувачи во Ј. Кореја

Toyota Yaris Автомобил на годината во Европа за 2021