Fiat 500 Dolcevita и Fiat 500X Dolcevita

Fiat го претстави второто специјално издание на своите преостанатите модели со мотори со внатрешно согорување од семејството „500“, наречено Dolcevita…

Доколку ви се чини дека веќе сте виделе вакви модели, тогаш мора да напоменеме дека серијата 500 Dolcevita беше лансирана во 2019 година, а потоа во 2021 година следеше кабриолет моделот 500X Dolcevita.

Сепак, новите модели за 2022 година се целосно освежени со благ (mild) хибриден погон и малку поинакви комбинации на бои за иновативен изглед.

Fiat се одлучи за искуство со отворен покрив, поради што специјалните изданија на Dolcevita доаѓаат исклучиво со меки покриви.

Кога станува збор за варијантата 500X, важно е да се напомене дека тие доаѓаат со нов mild хибриден погон, претставен во гамата за прв пат на почетокот на тековната 2022 година.

Затоа, комбинира турбополнач од 1,5 литарски четирицилиндричен агрегат со моќност од 128 КС и 240 Nm вртежен момент, со моќен електричен мотор BSG од 48 V кој додава 20 КС и 55 Nm вртежен момент.

илата на оваа серија се пренесува на предната оска преку седум – степен менувач со двојна спојка.

Визуелно, Dolcevita добива Galeto White надворешност, нијанса многу вкусно комбинирана со мек повлечен покрив во боја на слонова коска, двобојни тркала од 18 инчи, хромирани/сатенски акценти и логото Dolcevita на предните браници.

Внатре во патничкиот простор се гледаат и седишта со пресвлека мека на допир во боја на слонова коска со бели ознаки 500 и контролна табла во боја на каросеријата.

Стандардната опрема вклучува седум-инчен на информативно забавен систем Uconnect, навигација, задна камера, автоматски фарови и бришачи на истите.

Кога станува збор за сега веќе старата серија 500, новата Dolcevita speciali се обидува да додадe нешто повеќе во целата комбинација, за сите луѓе кои сè уште не се подготвени да влезат во светот на целосно електричните линии 500 EV.

Под хаубата на новата серија 500 Dolcevita се наоѓа еднолитарски FireFly сo три цилиндри мотор, добар за да обезбеди моќност од  69 КС и вртежен момент од 92 Nm, кој е електрифициран од 2022 година со дополнителна дванаесет волтна BSG единица и литиум-јонска батерија.

Серијата Dolcevita е достапна само во каросеријата во стилот 500 Cabrio, која сега се одликува со Galeto White, мек покрив во крем боја, потоа со црна боја, дијамантски исечени, шеснаесет инчни алуминиумски тркала и хромирани капаци на ретровизорите.

Внатрешноста е подобрена со седишта во боја на слонова коска, обложена со Frau кожа, контролна табла создадена во стилот на природно дрво во светла боја, кожeн лост за „шалтање“ на брзини и бели акценти на патосниците.

Fiat не ги откри цените на своите нови модели, но дефинитивно можеме да очекуваме дека ќе биде малку повисока од стандардните mild-хибридни варијанти што моментално можеме да ги видиме на пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda подготвува само балансирачки Gold Wing

Германците „креваат раце“ од зелената енергија!?

Peugeot Camocatch –Фановите на брендот изгласаа!

Lexus LC Ultimate Edition

Подновен VW Touareg

Mansory Aston Martin DBX

Најмоќниот Golf досега, премиерно на 31 мај годинава!…

Citroen најавува електрични автомобили по „агресивни цени“

BYD за само 24 часа продаде 10.000 парчиња од својот електричен модел Seagull