Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Fiat го претстави новиот електричен модел 500e на почетокот на март оваа година, за прв пат во изданието Cabrio, додека неколку месеци подоцна пристигна и неговата Hatchback верзија.

Понудата е проширена со верзијата 3 + 1,  за која веќе пишувавме на нашиот портал и која ви ја претставивме.

Веќе тогаш потенциравме дека иконата на Италијанците добива дополнителна, помала врата од страната на совозачот за полесен влез на задната клупа. Третата врата може да се отвори само кога е отворена и вратата на совозачот. Дополнителната врата додава плус 30 кг на тежината на возилото.

Секако, 500e 3 + 1 има карактеристичен и препознатлив изглед, при што  овој автомобил долг 361 см има електричен мотор со моќ од 87 kW / 118 КС, батерии со капацитет од 42 kWh (80% од капацитетот, на брз полнач, може да се полни за 35 минути), исто така располага со автономија на возење со едно полнење на батеријата од 320 км (според новиот WLTP циклус на мерење кој е поблизок до реалната потрошувачка на енергија).

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува 9,0 секунди, додека максималната брзина е електронски. ограничено на 150 км/ч.

На почетокот на продажбата ќе се понуди специјалното издание наречено La Prima, кое е опремено со, меѓу другото, и целосни LED фарови, адаптивно контрола на возењето (темпомат), сензори за паркирање од 360 степени, задна камера, систем за препознавање сообраќајни знаци …

Опремата вклучува и информативно-забавен систем Connect5,  со 10,25 инчен екран на допир, како и Apple CarPlay и Android Auto.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорд во дрифтање со автомобил на струја!

Несмасно паркирање на електричниот Taycan

Новиот Nissan Note и официјално дебитира

Volkswagen ID.5 само за Европа

Во Кина дебитираше освежениот Jeep Compass

Nissan Note дебитира утре

Kia Sorento Yosemite Edition и  Sorento Zion Edition

Бетонска плоча падна врз паркиран SUV

Специјална едиција на Morgan