Италијанското дете доминираше на европскиот пазар на електрични модели во текот на претходниот месец.
Продажбата на електричните креации на четири тркала продолжува да расте на Стариот континент, а во април листата на најпопуларни возила изгледаше многу колоритно, без присуство на автомобилите на Теslа. Електричниот Fiat 500 е на чело на колоната со 5.524 регистрирани регистрации, а по него е Peugeot e-208 со испорачани 3.730 примероци.
Интересно е што Peugeot 208 е лидер на европскиот пазар, но импресивно е што секој четврти продаден модел на „лав“ e со 100% електричен погон. Третото место во април го зазеде Škoda Enyaq, која го пронајде патот до 3.645 нови клиенти во овој дел од планетата.
Dacia Spring и Kia e-Niro се блиску до водечкиот тим во сегментот EV.
Daci Spring се покажа како огромен успех за романскиот производител на автомобили, инаку во целосна сопственост на францускиот Renault, што и во април акумулираше 3.555 испораки.
Тука е и корејскиот адут на струја Kia e-Niro што продолжи со добри резултати и додаде 3.437 продадени автомобили на својата сметка.
Најпродаваните електрични модели во Европа во април 2022 година:
Позиција | Модел | Број на регистрации | |
1 | FIAT 500E | 5.524 | |
2 | Peugeot e- 208 | 3.730 | |
3 | Škoda Enyaq | 3.645 | |
4 | Dacia Spring | 3.555 | |
5 | KIA e-Niro | 3.437 | |
6 | Volkswagen ID.4 | 2.892 | |
7 | Hyundai Kona | 2.867 | |
8 | Renault ZOE | 2.823 | |
9 | KIA EV6 | 2.699 | |
10 | BMW i3 | 2.507 |