FIAT 500 и FIAT Panda Hybrid

FIAT 500 и FIAT Panda, се од секогаш лидери на европскиот пазар во своите сегменти, а и први гратски автомобили на FCA со новата Mild Hybrid бензинска технологија

Новиот FIAT 500 и Panda Hybrid се првиот чекор кон лектрифиација на бренддот FIAT .

Основниот погосни елемент кај овие модели е новиот агрегат со три цилиндри, бензинец од семејството FireFly, во комбинација со 12-v (волтен) BSG (стартер генератор со интегриран појас), со моќ од 70 KS.

За корисниците, вежен податок за потрошувачката и емисијата нa CO2 се до  30% пониски, во зависност од моделот  – a покрај тоа тука се и  даночните олеснувања  и бенефициите во сообраќајот што важат за хибридните возила во густо населените области, во согласност со локалните закони.

Моделите 500 и Panda претставуваат две души на FIAT брендот. Првиот, поемотивен, претставува симбол на поп културата, модта и дизајнот.

Вториот е пофункционален и „тренди“, со пет (5) врати. Заедно можат да одговорат на барањта на секој корисни и ден денес.

Прв пат, заедно се во единствена специјлна серија: Hybrid Launch едиција– Лансирање на првото хибридно издани.

FIAT 500 i FIAT Panda, неспорни лидери во сегмнтот на градски автомобили, ќе бидат првите модели на FCA Grоup во својата категорија што ќе користат нова хибридна технологија.

Новите моели 500 и Panda Hybrid, што ќе бидат достапни од март тековната 2020 година, ќе донесат уште една еволуција во урбаната мобилност, со што моделиве ќе бидат достапни за сите и ќе постават нови европски стандари за електрични градски автомобили.

Новите модели 500 и Panda Hybrid ќе ги понудат сите предности на ефикасно, компактно, леснао и пристапно хибридно возење. Накусо, тоа е најдобро решене за градски автомобил и во согласност со пристапот на FIAT. Во текот на последните 120 годин, FIAT бил пионер во технологијата и иноватор во мобилноста, a   сега и во одржливата мобилност.

Оваа 2020 година означува нова пресвртница во историјата на брндот FIAT. Со појава на новите хибридни верзии на моделите FIAT 500 и Panda, почнува електрификацијата на брендот и ќе продолжи со стартот на производството во Торино на новиот модел 500. Тој модел ќе биде 100% електричен и затоа ќе има клучна ролја во електронсата мобилност во рамки на FCA стратегијата. Во 2020-та  групата ќе понуди асортиман на произодии услиги за на корисците да им овозможи комплетно и одрживо исуство на мобилност.

Понатаму, по прв пт во историјата овие два траддиционални и комплементарни FIAT модели, 500 и Panda ќе бидт достапни во посебна единствена сероја: ексклузивната „Launch Edition“ серија, со дебитантски настап на новиот бензински Mild Hybrid мотор што комбинира најново семејство на FireFly мотор со три цилиндри и работен волумен од  1,0-литри со 70 KS (51kW) со 12-(v) волтен BSG електромотор и литиумска батерија.

Во споредба со  1,2-литарскиот  Fire мотор со 69 KS, верзијата Mild Hybrid влијае подобро на потрошувачката на гориво, што ја намалува емисијата на  CO2 во просек од 20% и до 30% кај моделот Panda Cross, без да ги жртвува перформансите.

Исто, така е обезбеден и многу висок стандард на комфор во возење благодарение на BSG системот, кој овозможува тивко рестартирање, лесо без  вибрации, со внатрешно согорување во Stop&Start функција.

Корисниците исто така ќе уживаат во предносните возејќи хибридни модели  (автомобилите ги исполнуваат Euro 6D Final, стандардите), кои, во зависност од локалната регулатива, опфаќаат слободен пристап и движење градските центи, поевтин паркинг исто така во центар на градовите и даночни олеснувања.

Специјалната серија може да се познае по знакот  „Hybrid“ на задниот дел и ексклузивното лого „H“, што го формираат две капки роса, на централниот поанел.

Росата  – симбол на светлоста на зората и почеток на новата ера  е употребана како инспирација за новата и ексклузивна  „Dewdrop Green“ боја на наворешноста што на автомобилите им стои како еелегантен костум, во совршена хармонија со темата на природата и иновациите.

Внатре, пресвлеките на седиштата се верни кон целата одржива филозофија на проетот; совршена комбинација со FCA Mild Hybrid технологијта и иновативниот дух на модели FIAT Panda и FIAT 500.

Седиштата во Launch Edition серијата се први во автомобилскиот сектор што делумно ќе бидат правени од „SEAQUAL® YARN“ материја, со чие ткаењ се добива специјален материјал сертификуван од организацијата SEAQUAL INITIATIVE, и што се добива од рециклирана пластика: од што 10% доаѓа од океаните, a 90% од копното.

SEAQUAL® YARN се произведува со претворање на пластиката собрана од морињата и океаните и нејзино претворање во снегулки на полиетилен терефталат. Тие снегулки се користат за ткаење на нитки од кои се прави ткаенината. Во фазата на ткаењето, морската полиестер пластика се меша со останатите еколошки, преиродни, рециклирани или обработени влакна. Тој зелен процес е надополмест со користење на бои и еколошки премази чие производство е базирано врз технологии на штедење на вода и енергија. Компанијата Fiat соработува со организацијата SEAQUAL INITIATIVE за да го подржи чистењето на океаните и презема чекори против загадувањето на морињата и на океаните.

Двата нови модели, FIAT 500 и Panda во издание Hybrid Launch Edition, затоа ќе ги исполнат очекувањата на корисниците кои подеднакво внимаваат на естетиката како и на еколошките прашања, посебно во смисол на потрошувачката и емисијата.

FIAT 500 и Panda се два комплеметрани симболи на брендот FIAT, кои ја претставуваат урбаната мобилност во Европа, со околу 400.000 единици на продадени годишно.

Сега со воведување на Mild Hybrid технологијата, моделите 500 и Panda ќе направт значитлен допринос кон подобрување на одрживоста на урбаното возење.

Како функционира FCA Mild Hybrid технологијата

Новиот бензнски Mild Hybrid мотор, што се надоврзува на наследството на познатите Fire мотори, со повеќе од 30 милиони произведени примероци, користи 1,0 –литарси бензински мотор, со три цилиндри со максимална сила од 70 KS (51 kW) при 6.000 в/мин и масимален вртежен момент од 92 Nm при 3.500 в/мин. Главата на цилиндрот има по два вентила на цилиндр и една глава на моторот со систем на варијабилна промена на вентилите (интервалите и одредува синџирот). Структурата опфаќа комплетна комора за согорување, вшмукувач со висок проток и естерен систем EGR (систем за рециркулација на издувните гасови),што пруа впечатливо висо компресиски однос (12:1) што значи и подобра термална ефикасност.

Агрегат развиен во соработка компанијата Teksid,  направен од алуминиумска легура лиена под висок притисок со облога на цилндрите од лиено железо, што го намалува времето за стартување и ја ограничува тежината на моторот на само 77 kg. Дополнително, триењето е намалено поради механизмот на клипниот систем со односн на пречник од 1,24 и поставување на клипњачите  10mm во старна за максимизирање на ефикасноста.

BSG систем е поставен директно на мотр и функционира преку ремен што исто така ги задвижува помошните системи. Системот може да ја поврати енергијата при кочењето и забавувањето, и да ја чува во литијум јонската батерија со капацитет од 11 Ah, и ја користи, со максимална сила од 3.600 W, зада го рестартира моторот со  Stop&Start функција како и со подршка при забрзувањето.

Таа технологија му овозможува на моторот со интерно согорување да се исклучи, дури и при брзини помали од 30 km/h,така што едноставно ќе се префрли во неутрална состојба  (контролната табла, која ги прикажува информациите за хибридниот систем, му укажува на возачот кога може тоа да го направи). При возење во „лер“, литиумската батерија ги напојува сите елементи, овозможувајќи му на возачот да има потполна контрола врз возилото.

Mild Hybrid погонската единица во најновите Panda и 500 Hybrid Launch Edition моделите е комбинирана со нов C514 мануелен пренос (трансферзален менувач, погон на предни тркала), со елементи кои се насочени кон зголемување на можностите за маневрирање и подобрување на економичноста, вклучувајќи нови лежишта и затки со ниско триење, со користење на посебни лубрикати со висока ефикасност, и до сега невиден оснос на шестата ( 6) брзина што ја подобрува еиномичноста на потрошувачката на гориво во возење вон град. Секако е земен во предвид комфор кога е оптимизирана подршката за систмот на пренос. Конечно, новиот систем опфаќа спуштање на целиот погонски систем за 45 mm, па со автомобилот полесно се управува на пат поради пониското тежиште.

FCA група разви семејство на нови Firefly мотори за да понудат колекција намалени бензински мотори што се одликуваат со добра потрошувачка на гориво и перформанси кои поставуваат стандарди со широк спектар на примена. Основната структура на новите мотори гарантира ефикасност, модуларност и солидно ниво на стандардизација по однос на компоненти и производниот процес, флексибилноста и потенцијалот за развој во иднина.

Новата верзија Hybrid Launch Edition повторно ги позиционира двата модела на FIAT како ѕвезди на „шоуто“, благодарение на постојаните технолошки иновации и безвременскиот стил.

Во исто време, тие еден со друг се надополнуваат: во сегментот на градски автомобили, кај нас, 500 претставувa „амбициозна“ страна, a Panda „функционална“.

FIAT 500 e еден од нај репрезентативните примри на италијанската генијалност, која освојува корисници од повеќе генеерации. Класичниот FIAT 500 прв пат се појавил вo 1957 година, a потоа е обновен во  2007та – а тој модел на патиштата во Европа дошол во 1960-те, потоа направил потполна револуција во категоријата на градски автомобили во првата децнија на 21-от век нудејќи исклучителна и до тогаш невидена комбинација на стил и технолошки иновации во тој сегмент. И сега, благодарение на верзијата 500 Hybrid Launch Edition, ќе продолжи да игра водечка ролја во урбаната мобилност, a минатата година, по 11 години од лансирање на моделот,забележал најдобри резултати досега, со околу 194.000 регитрирани автомобили. Една од состојките на тој успех се специјалните серии: повеќе од 30 сe претставени, што овозможи истражување на територии во кои градските автомобили до тогаш не навлегувале. Сега е време 500 Hybrid Launch Editionда го продолжи технолошото патување кон иднината на урбаната мобилност во третиот милениум.

Подеднакво фасцинира и историјата на моделот FIAT Panda. Во текот на повеќе од 40 години, Panda непогрешливо претставувала дневна врска со автомобилот: по непосредно, по безгрижно. Тајната на популарноста на тој автомобил лежи во нговите компактни димензии на надворешноста, пространоста во внатрешноста што може да се подесува така да одговара на сите потреби на транспорт, широк асортиман на мотори и бројни комбинации на бои. Вкупно, повеќе од 7,5 милиони корисници биле шармирани и воодушевени од едноставноста и од привлечноста на моделот, вистинскиот одраз на карактеристиките на брендот FIAT.

Порај тоа моделот Panda секогаш бил носител на штафетната палка кога станува говор за информациите во целиот сегмент.  На пример, тоа бил првиот градски автомобил со погон а сите четири тркала ( во 1983 година), прв во сегментот што ја освоил прстижната награда Автомобил на годината на Стариот континет  (во 2004 година) иситата година, станап првиот автомобил кој стасал до кампотво подножјето на врвот Еверст, што се наоѓал на надморска висина од 5.200 метри. Долгата низа на рекорди продолжува во  2006 година кога FIAT Panda бил првиот поголем градски автомобил автомобил на метан што влегол во големо сериско производство. Во 2013 година тоа бил првиот автомобил во класата во кое е воведено автоматско итно кочење. A, денес пристигнува Panda Hybrid Launch Edition, модел подготвен да направи револуција во урбаната мобилност и така ќе ги исполни новите потреби на љубителите на Pandа, глобална заедница што гледа во иднина со растечко почитување кон животната средина.

Материјали од FCA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volvo го прави поедноставно полнењето на EV

Две нови тизер видеа за Maserati Ghibli hybrid

И официјално BMW iX3 – првиот електричен SUV на Баварците

Tesla атак со пониски цени и посилни полначи!

Легендата повторно јава во изведби Ford Bronco и Ford Bronco Sport

Jeep Wrangler добива нов титански бензинец од 6,4 литри!

Најавен Aznom Palladium- Шест метри долг луксузен седан за сите терени!

Ќе ги „претрка” и Nikola и Tesla и прв ќе произведе камионет на струја!

Шпионски фотки на Nissan Frontier pickup од втора генерација