Fiat 500 нов рекордер со 194000 продадени единици во 2018 во Европа!

Симболот на италијанскиот стил и производство низ светот, вонвременскиот FIAT 500 продолжува да воодушевува и во својата 11 година остварува најдобри резултати со 194.000 регистрирани модели во 2018, во Европа (вкупно FIAT 500 и Abart 500), што е уште еден рекорд за најпродаван автомобил во сегментот со свој втор најдобар резултат со учество од 15%.

Рекордната продажба на потсетува дек 500 е вистинска вонвременска автомобилска икона и тоа не само за марката Fiat,” вели Лука Наполитано (Luca Napolitano), директор на брендовите Fiat и  Abarth за EMEA регионот. „Горди сме на овој резултат кој покажува дека моделот 500 е најпродаван во 11 земји во Европа и помеѓу три најпродавани во уште четири.

За време на 11 годишното постоење, моделот 500 никогаш не излегол од мода и секаде бил успешен како симбол на италијанскиот дизајн и продукција. Иако го зачува својот идентитет, минал низ повеќе интерпретации, врзувајќи го името со легендарните брендови – од модата до луксузните јахти и од технологијата до културното наследство – создавајќи над 30 специјални серии и истражувајќи области необични за еден автомобил.  Како и неговиот величествен претходник, новиот  500 го „осветли’ секојдневниот живот и улиците на градовите низ светот, како „кул“ глобално решение за урбана мобилност. Денес тој е наинтернационален модел на FIAT, се продава во над 100 земји во светот, со 80% продажба вон Италија. Од 2007 година до денес  се прозиведени вкупно 2.110.000 FIAT 500 модели, a бројката се зголемува на шест милиони кога ќе се додаде и претходникот што се произведувал помеѓу 1957- 1977 година.

Сето тоа го прави 500 еден од најпродаваните модели на Fiat во историјата”.

Легендарниот 500 продолжува да воодушевива со вонвременскиот стил и POP суштина со звоите заоблени лини и да предивикува насмевки на лице кај луѓето ширум светот. Без сомневање, тајната на успехот на моделов вклучува и низа од над 30 специјални серии што се базирани на FIAT 500 и Abart 595 моделили и идентитетот, FIAT 500 исто така се преобразил и во автомобил кадарен да стапне на нови територии, како технологија, мода и дизајн на луксузни јахти…

Создаваќи нови цели за постигнување, моделот постојано се освежувал, задржуваќи го својот статус на вонвременска легенда. Стратегијава се потврди со упсшната 2018-та, со специјалните серии 500 Mirror, 500 Collezione и 500 Spiaggina ’58.

Круна на постигањата во 2018-та, што навистина била одлична, минатиот декември е најавено дека на 10-ти февруари, како дел од изложбата “Вредност на добриот дизајн”, класичниот модел од серијата FIAT 500 F што Музејот на Модерна уметност во Њујорк го купил, ќе биде јавно изложен во истиот по прв пат. Со тоа е потврдено неговото симболично значње за светскиот дизајн.

Првото специјално издание што иамше премиера 2018та беше високо технолошкиот 500 Mirror што Лука Наполитано го претстави на виртуелена конференција за медиумите во јануари, откривајќи го потенцијалот на новото семејство на моделот 500 Mirror пред 200 новинари од Европа, поврзани виртуелн со видео линк, како и пред уште 1.500 што се вклучиле во наредните  72 часа. Иновациската серија ја потврди традиционалната отвореност на компанијата Fiat кон напредната висока технологија што го олеснува животот и на возачот и на патниците. Така, како дел одстандардната опрема на специјалната серија Mirror со моделите 500, 500X и 500L вклучува иновативен сиситем на екрани чувствителни ба допир UconnectTM HD LIVE од седум инча,со веќе конфигурирана Аpple CarPlay платформа и компатабилност со Android AutoTM платформа. Препознатлив по ексклузивно темната сина униформа што јасно ја поврзуваат естетиката на технологијата и поврзаноста, трите моделаос серијата Mirror исто така се понудија и премиера на системот  Mopar Connect  за помош на пат и сервис со вертикална контрола во реално време на кои може да им се пристапи преку паметен телефон.

Од технолошките иновации во серијата Mirror, одиме на софистицираната висока мода, неразделна одприродата на специјалната серија 500 Collezione Primavera и 500 Collezione Autunno, што означија враќање на брендот Fiat во свет на високата мода. Тоа било првото поле на кое се испробал моделот со голем успех и тоа од своите најрани денови, преку специјаланата серија 500C by Gucci и 500 by Diesel. Две нови специјални серии на модел 500 Collezione го поздравија пристигнувањето на пролетта и есента со својот препознатлив шарм, секоја впечатлива по посебната униформа и ексклузивана комбинација на бои и материјали – една во женствена, a друга во мажевна варијанта.

Првото 500 Collezione издание, во својата пролетна униформа е преставено во април минатат 2018-та, во Милано, на почетокот на турнејата по светските престолнини, на модата стилот и уметноста. По главниот италијански центар на мода, следеше Лондон, метропола и дом на најмногу легендарни 500 модели вон Италија. Се нижеа: живописниот Берлин, па на бреговите на романричната Сена во Париз, за патот да заврши во срцето на Мадрид. Пет неверојатни локации, a зачетокот на тематски обоените настани продолжи кон крајот на окотмври минатата 2018, со премиера на втората специјална серија 500 Collezione инспирирана со есента и машката мода. Тој модел учествувал на ревија во стоконата куќа Rinascente во Милано, една од најпознатите во светот, oблечен во софистицирана Brunello униформа во две нијанси, со впечаток што се засилува со страничните линии со бакарна боја и внатрешноста со дезен во риги.  По прв пат стоковната куќа во Милано, со долга историја, во која модата станува пристапна, беше местото на кое се одржа една автомобилска конференција за медии, во придружба на на врвен моден бренд за мажи, списанието L’Uomo Vogue, со кое ги споделува вреднсотите на елеганција и внимание посветено на детали.

Во 2018 годинаi, FIAT 500 исто така бил прсутен и на полето на наследството (Heritage), на светот со цврста врска на сродност со импресивниот легат на италијанскиот бренд што оди повеќе од еден век во минатотот. Посебно, во врска со тоа, Милано исто така беше место каде се одржа гламурозен настан- на четврти јули, на кој 130 гости, меѓу кои и новинари, познати и влијателни личности, е прославен роденденот на легендарната компанија Fiat што е основана 1899, а и 60 годишнината на популарниот модел 500 Jolly, претставен 1958 година и познат под името Spiaggina – прва специјална серија на легендарниот модел и симбол на „Слаткиот живот“ (Dolce Vita). Двојната годишнина  е одбележана со специјална серија 500 Spiaggina ’58, автентичен култен модел, произведен во лимитирана серија со исклучителни одлики на дизаајнот. Моделот бил достапен само во кабриолет изведба, за потполно летно доживување и привлечност на едно време што стана нераскинлив дел на колективната свест. Како и што доликува на ѕвездата од  Dolce Vita времето, новата специјална серија има прекрасна униформа во Volare Blue боја, со крем мек покрив, која пркоси со својата бела странична линија и алуминиумски фелни од 16 инча изработени во класичен стил.

На крај, но не и најмалку важно, пристигнаа и две нови признанија за прослава на четврти јули: спост со музика од песната Volare, италијански евергрин отпеан од Доменико Модуњо (Domenico Modugno) на фестивалот Санремо 1958 година, истата година кога на свет се појави класичната 500 Spiaggina, како изложбен модел Spiaggina by Garage Italia, дизајниран од креативниот и стилски центар Garage Italia, односно Пининфарина (Pininfarina) врз база на моделот FIAT 500C, со единствени карактеристики кои движат со духот на тоа време.

Од Милано до Палермо, од најитернационалниот италијански град, до бисерот на Медитеранот. Во главна улога се секогаш модел 500 и неговиот вонвременски стил. Всушност, престолнината на Сицилија беше домаќин на премиерата на новата гама намоделот Abart 595 во октомври. Новата линија претставува последна верзија на популарниот модел Scorpion 500, изразувајќи две страни од неговиот карактер: перформанси и стил.

Новиот  Abart 595 е откриен пред почитувачите на брендот за време на повторната изведба на класичната- легендарна трка Targa Florio, најстара во светото на мотоспортот.

Карл Абарт (Karl Abarth) бил непосрено поврзан со трката Targa Florio, почнувајќи веднаш во годините по Војната, бидејќи виулестите патишта на Сицилија биле совршени за покажување на квалитетот на неговите тркачки автомобили.

Поради тоа Шкорпијата и Тарга ( Targa) делат блискост и поврзанст, као и историја на тркачки успеси и анегдоти на кои се сеќаваат многумина.

На крајот, секој што им се восхитува на овие класични автомобили кои на брендот Abart му донесоа статус на тркачка легенда нама да им биде тешко да ценат како, со текот на годините, суровите почетоци на тркачкот спорт го обликувале непроценливото наследство на стилот и на перформансите што ни донесоа автомобили какви имаме денес и на кои им се восхитуваме како по нивната експресивност – визуелна појава, така и на нивните возни својства и перформасни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda подготвува нов атак на брзинскиот рекорд на машина за косење трева!

Aston Martin Vantage V12 Zagato Heritage Twins by R-Reforged- нова приказна!

Во чест на 100 годишнината Bentley произведува и луксузен мебел!

Nissan GT-R Nismo 2020 со деби на Њујорк 2019!

Apollo Intensa Emozione подготвена за производство

Светски автомобил на годината 2019 и hat trick за Jaguar I-Pace!

Наследникот на Lamborghini Aventador  со хибриден погон

Од производната лента се симна милионитиот VW Sharan

Поостарите возила од вчера за влез во центар на Лондон плаќаат 12,5 фунти