Fiat 500e Abarth- Спортската икона доби погон на струја

Електричниот градски јуришник во тетрапак пакување со линија што ја одразува иконата и италијанскиот стил моќна 163 KS,од 0 до „стотка” стасува за 6,4 секунди а има автономија од 320 км…

По презентацијата на моделот Fiat 500e, електричната верзија на малиот автомобил што израсна во култ и начин на живеење, од Торино пристига и најава з електрификација на спортскиот модел Fiat 500e Abarth…

Како што и може да се претпостави изведбата е во стил на славниот бренд – Abarth, a електричен погон добила помоќната изведба со која ќе се исполнат барањата и на тие што и кога возат на струја инсистираат на спортските перформанси.

Основната електрична верзија нa Fiat 500e располага со моќ од 118 KС, што му обезбедувало забрзување од 0 до 100 км/ч з 9,5 секунди.

Има и програм Boost за краткотрајно зголемување на силата, со кој од 0 со 100 км/ч  „спринта” за само седум секунди.

Опсегот на возење со едно полнење на батеријата според новите WLTP стандарди изнесува  320 км.

Бидејќи базната верзија на Fiat 500 Abarth со погон на бензински мотор располага со моќ од 145 KС, се очекува електричната верзија ќе има минимум 163 KС (120 kW).

Тао треба да му обезбеди забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 6,5 секунди (според засега се уште неофицијални информации).

Максималната брзина, поради заштеда на енергијата и обезбедување на предвидената автономија, ќе биде ограничена на 180 km/h.

Со зголемување на капацитетот на батеријата би требал да се задржи досегот од, според WLTP мерењата, предвидените 320 km.

На пазарот се очекува кон крајот на тековната 2020 година а се проценува дека ќе чини околу 41.000 евра, но без стимулациите и олеснувањата што од земја до земја се различни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen Arteon coupe: евтина алтернатива на Audi A5 или нешто повеќe?!

Разбојникот го исфрлил сопственикот од автомобилот но потоа не знаел да излезе од него !

Известување до потрошувачите, целокупната јавност и до сите релевантни институции

Новата Opel Mokka веќе ја возеше Јирген Клоп

Се продава Dodge WC-57 во кој во Втората светска војна се возел легендарниот Генерал Патон

Долга традиција на електрични автомобили на Opel

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Audi го заштити името R8 Green Hell и ја потврди екстремната изведба

Специјално изработена Range Rover SVAutobiography за боксерскиот шампион