На CES 2019 Harman International го одбра Fiat 500e, за да ја претстави својата напредна технологија со која автомобилот ќе биде поврзан со мозокот на сопственикот !
Тоа е електрично градско возило што во оваа концепт изведба е без покрив и задни седишта, однсно мал двосед, опремен со исклучително напреден технолошки пакет.
Имено, Harman International успеа да направи е да обезбеди сензори кои му овозможуваат на автомобилот да ја следи, снима и оцени својата околина.
Со помош на трите камери поставени на задната врата, аголен радар, камера со голем дострел, и лев и десен сензор, Camera Monitoring системот за следење на слепи точки, помош при промена на лентата и предупредување при опаснст од колизија со друго возило.
Fiat 500e by Harman има Forward Facing Camera која овозможува перцепција на лента, објекти, знаци, а благодарение на интеграцијата со далечинскиот радар (LiDAR), системот може да ги детектира возилата напред и да одржува безбедно растојание во движење.
Напредната и иновациска технологија вградена во Fiat 500e располага со систем за следење на состојбата на патниците во кабината.
Во седиштата се вградени сензори што овозможуваат следење на срцевиот ритам на возачот и другите патници, пулост, температурата…, додека сензорите и камерите напрред го следат погледот, дијаметарот на зениците, дишењето на патниците па дури и да читаат мисли.
Како што велат од Harman мониторингот на возачот и неговата емотивна состојба е од главно значење за успехот на полуавтономните возила во иднина, бидејќи така може да се превенира мозочен или срцев удар и преку сос сигналот, што секое возило во ЕУ мора да го има, да се повикаат и насочат итните служби навремено да стасат до потребното место.