Fiat 500e како електричен Barbie автомобил – Barbie Extra

Меѓу супер автомобилите, луксузните и спортските автомобили на саемот за автомобили во Лос Анџелес беше една „играчка“, станува збор за автомобилот наречен Barbie Extra…

Сите ја знаат детската играчка, односно куклата Barbie, како и сите додатоци кои одат со неа.

Меѓу нив секако е и автомобилот Barbie, кој сега ја доби својата вистинска, целосно функционална верзија.

Станува збор за автомобил со природна големина базиран на Fiat 500e, кој е резултат на работата на производителот на играчки Mattel во соработка со бројни дизајнери и инженери од светска класа.

Работата не беше лесна, но крајниот производ е навистина интересен.

Во овој проект, 3D модел на автомобил Barbie најпрво беше генериран компјутерски, а потоа зголемен до неговата вистинска големина.

После тоа, обликот бил исечен од пена, додека скулпторот се погрижил за фината обработка.

Од тоа, на крајот беше направен калап.

Потоа следеше спојување на основата и каросеријата, бојадисување и производство на специјални тркала.

Деталите на обрачот се направени со 3D печатач.

Автомобилот го придвижува електричниот мотор на Fiat, кој развива 111 КС, а досегот е околу 180 километри.

Овој автомобил ќе остане единствен и најверојатно ќе се чува во музејот на Mattel.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga