FIAT 500X и 500L S-Design, надмоќна изведба на привлечниот модел

Новиот пакет донесува поатрактивен изглед, a повеќето вљубеници во марката и воопшто во автомобилите веќе имале можност да ги видат на 124 Spider, како и на Tipо со пет врати и на Tipо во караван верзија на каросеријата…

Семејството S-design е проширено со нова специјална едиција на  500X S-Design и тоа неколку месеци по пласирањето на пазарот на новиот модел 500L S-Design за спомнатиот асортиман, во кој се веќе вклучени моделите 124 Spider, Tipo со 5 врати и Tipo караван, да ја заокружи понудата.

Секој модел на поинаков начин ги покажува ексклузивните особености, силниот карактер и персоналитет  што освојува веќе при првата средба.

Додека 500X S-Design претставува совршен автомобил за младите, активни купувачи со спортски дух, моделот 500L S-Design совршено одговара на потребите за мобилност на модерно семејство, особено на помладите луѓе кои сакаат да останат поврзани.

Базирано на нивоата со опрема Cross и Urban, специјалната едиција на моделот 500X S-Design ги истражува необичните стилски димензии на моделот што во целост е редизајниран во септември минатата 2018 година.

Робустен спортски изглед е одликата на најновото издание што се карактеризира со симболите на марката, со помош на осмислени детали и насоченост кон удобноста во возењето што на моделите на Fiat им донесе вистинско богатство, бидејќи со нив марката на своја страна придоби купувачи на други марки возила.

Моделот 500X исто така е најпродаван во својот сегмент во Италија и еден е од најпопуларните модели во својата класа во Европа.

За бегство од секојдневието и слободно уживање низ град, специјалното издание на моделот 500 S-Design Cross располага со единствени карактеристики внимателно избрани за дополнително да ја потенцираат елеганцијата на надворешноста.

На пример, има црни шини на покривот, предни заштитни плочи завршно обработени со детали од линијата Myron, потоа затемнети задни стакла, 17-инчни фелни од лесни легури, странични украс лајсни во нијанса на бронза, со логотип „X”, а куќиштата на ретровизорите, предната решетка и кваките на вратите и на багажникот исто така се обработени со детали од линијата Myron.

Достапни бои на каросерија се Бела Gelato White, Црна Cinema Black  и Сива Moda Grey, а новиот модел 500X S-Design е најсоодветно „облечен“ во Мат зелена Alpi Green. Таа боја совршено одговара на особеностите на моделот Cross, a новини се нои Full LED светла во основна опрема што на моделот му дава модерен изглед однапред, a совршено се вклопува во другите стилски елементи карактеристични за возилата од семејството 500. Освен тоа нуди силно осветлување, гарантира поголема видливост и безбедност, a троши до пет пати помалку енергија од класичните халоген светла. А најважно од се помалку го заморуваат окото, бидејќи светлоста и покрива пошироко видливо поле. При брзини од  90 km/h пречките се забележуваат за неколку секунди – што одговара на оддалеченост од 100 m – што е многу порано одошто кај класичните халогенки!.

Ексклузивните спортски  детали продолжуваат и внатре со посебна мат црна маска на плочата со инструменти S-Design уредената ознака „500” во бакарна боја и преполн е со впечатливи елементи на завршна обработка Myron,на пример со посебната рамка на системот UConnect.

Внатрешнста е надополнета со посебни пресвле ки и посебна обработка на седиштата „Black Castiglio”, црни украсни лајсни на централниот тунел и страниците на вратите од анодизиран алуминиум како и со вметоци од еко – кожа.

Спортскиот дух дополнително е нагласен со богатата стартна опрема со LED предни светла, DRL и LED задни светла, управувач опшиен со телешка кожа, инструмент плоча со црно бел 3,5“ TFT екран и два USB влеза, мануелен клима уред, регулатор на брзина,електрична паркинг сопирачка и 60/40 деливи задни седишта. Освен тоа, Cross верзијата во основа е опремена со  7” систем Uconnect, со подготовка за Apple CarPlay и Android Auto.

Тука и и иновациските системи за помош при возење, пак во основна опрема, како систем за препознавање на сообраќајни знаци „Traffic Sign Recognition”, за регулација на брзината „Speed Adviser”, што на возачот му овозможува поставување на брзина на ниво на ограничувањата и избегнување на пребрзо возење, потоа систем на автоматско предупредување на несакано напуштање на лентата на возење „Lane Assist”.

На крај, купувачите можат да изберат мотор кој ги задоволува нивните барања кај 500X S-Design помеѓу три бензински и три турбо дизел агрегати Multijet кои доажаат во комбинација со мануелна али автоматска трансмисија и погон на предни или сите четири тркала.  Прецизно речено новото семејство на турбо мотори FireFly, премиерно претставени посебно за моделов, достапни се во конфигурација 1,0-литарски, со три цилиндри , со 120 KS со мануелен менувач со шест брзини и погон на предни тркала и 1,3-литарски, со четири цилиндри, 150 KS, со автоматски менувач DCT со шест брзини и двојна спојка и погон на предни тркала.

Двата мотора нудат многу уживање во возењето, а притоа се поштедливи и потивки од нивните претходници. Ефикасни и иновациски, тие се уште еден показател на инженерската генијалност на Групата. Исто како што тоа името и кажува (FireFly – искра), новите турбо мотори FireFly Turbo се најкомпактни и најчист извор на енергија што во моментов се вградува во автомобилите на Fiat. Достапен е и 1,6-литарски бензинец, E-torq со 110 KS. Освен тоа, моделот 500X S-Design може да се добие и со мотори од линијата  Multijet, со распон на сила од 95 ks за 1,3-литаски мотор со рачен менувач, дo 150 KS за 2,0-литарски со автоматски менувач со девет брзини и погон на сите тркала. Самостоен и точно во средината помеѓу двата горе наведени модел e 1,6-литарски Multijet со 120 ks, рачен менувач со шест брзини или автоматски DCT со две спојки и погон на предни тркала.

 Новиот 500L S-Design, спортски дух во елегантен костум ги плени младите семејства

Пласиран на пазарот пред неколку месеци, модел 500L S-Design специјално издание на нов начин го покажува cool и моќниот карактер на моделите на марката, со што е совршен за модерни семејства, особено млади, кои сакаат да се заедно и поврзани. Поточно, темелен е на City Cross ниво на опременост,  моделот 500L S-Design е кренат од подлогата за 25 mm, со што има спортски лик, a каросеријата, на барање на клиентот може да биде во две бои – мат бронза со покрив во црна боја со висок сјај. Ова специјално издание е целосно подготвено за градски авантури, a нуди дополнителен бонус за корисниците,  со  Cross особености и елеганција карактеристична за линијата S-Design, преку голем број на возбудливи додатоци Myron, како посебен браник со заштитна плоча, впечатливи предни решетки, кваки на вратите, странични  лајсни за украс и рамки на задните светла.

Во основна опрема се и 17-инчни тркала во две бои од лесни легури и посебна спортска внатрешност. Најнапредни можности за поврзување што ги нуди  Uconnect s 7″ HD LIVE со екран на допир што гарантира целосна интеграција  на паметниот телефон со примена нa функџијата CarPlay Apple и Android CarTM.

Купувачите на моделот Fiat 500L S-Design така може да избираат помеѓу 1,4 – литарски бензинец Fire со 95 ks, рачен менувачсо шест брзини, 1,3-литарскитурбо дизел мотор  MultiJet II, со 95 KS и рачен или роботизиран менувач Dualogic и 1,6-литарски мотор MultiJet со 120 ks и рачен менувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia Stinger GTS на салонот во Њујорк 2019!

КIA HabaNiro Concept изнанадување во Њујорк 2019

Hyundai Venue и официјално во Њујорк 2019!

Подновениот Audi R8 претставен во Њујорк 2019

Peugeot 508L PHEV со глобално деби на Шангај 2019

Глобална премиера на Porsche Cayenne Coupe во Шангај 2019

Renault City K-ZE електричен SUV промовиран во Шангај 2019

Шангај -светска промоција на првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin

Во Шангај VW покрај Uz I.D. Roomzz concept и со SMV Concept и SUV Coupe Concept