Fiat 500X на свеченоста на доделување на наградата GRAMMY 2019

Во новата рекламна кампања на брендот Fiat прославува со великаните од музичката сцена Nova- Стинг и Шеги за најдобар реге албум популаризирајќи го глобално својот модел 500Х

Преку нов кус видео запис за претставување, компанијата Fiat го прославува освојувањето на наградата GRAMMY 2019 година во категоријата „Најдобар реге албум” на Стинг (Sting) и на Шеги (Shaggy) за нивниот албум што се позиционира на врвот на топ листата, 44/876 (Cherrytree/A&M/Interscope Records) и притоа ја најавува претстојната рекламна кампања со двајцата легендарни музичари и нивниот нареден сингл „Just One Lifetime”.

Оливие  Франсо (Olivier Francois),раководител на маркетингот на марките Fiat и FCA, додал: „Одушевен сум од новостите за оваа заслужена награда за двајцата ценети уметници со кои нашата марка имаше голема чест да соработува.”

Под палката на славниот режисер Јозеф Кан (Joseph Kahn) кој работел со Џенивер Лопез (Jennifer Lopez), U2, Леди Гага (Lady Gaga), тејлор Свифт (Taylor Swift) рекламната кампања опфаќа кус исечок од видео запис за претставување со избрани сцени од новата рекламна кампања на марката Fiat, со Стинг и Шеги во главните улоги, по повод пазарното пласирање на специјалната серија со која се обележува 120 годишнината од раѓањето на марката.

Кан е режисер на видеоспотот за новиот сингл на Стинг насловен Just One Lifetime, a марката Fiat им е медиски покровител.

Кампањата ќе биде претставена на широката публика на почетокот на идниот месец март 2019-та.

Минатата 2018 година Стинг и Шеги објавија заеднички албум инспириран од островската земја, насловен  44/876, со бројни изненадувачки конекции од самото тсрце на нивната музичка креативнос.

Со насловот кој означува повикувачки броеви на државата од кои доаѓаат, 44/876, ова е првиот албум во кои двајцата  ја одбележуваат својата љубов кон Јамајка: Родното место на Шеги и местото каде Стин го напишал својот „класик“  : Every Breath You Take како член на групата Полис ( Police).

Нивниот прв заеднички албум се искачи на врвот на многу музички топ листи. Така број 1 е во Германија и меѓу првите 10 во Обединетото Кралство. Албумот бил повеќе од 20 недели помеѓу водечките на листата на Billboard’s Reggae Album во САД, а во Полска и во и во Франција освои златни плочи!.

Минатото лето Стинг и Шеги беа на заедничка турнеја наречена Светска турнеја 44/876 и заедно ги пееле нивните најголеми хитови и песните од, со Grammy, наградениот албум.

Двојката во рамките на турнејата настапува во Велика Британија  од 19, до 25 март, каде ќе одржи низа на помали ексклузивни концерти што без сомневање ќе претставуваат вистинска атракција за вљубениците во музиката, а веруваме дека ќе привлече и нови вљубеници во марката Fiat и особено нејзиниот модел 500X!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аукција на реткиот егзотичен караван- Aston Martin DB5 Shooting Brake

Ford Ranger со сопствена икона за паметен телефон!

Германски, возбудлив, прифатлив: Видео серија 120 години на иконите на Opel

Полицијата во Лондон воведе дронови за лов на опасни возачи и улични тркачи

LEGO мотоцјкл Harley Davidson Fat Boy

Ferrari Purosangue ќе биде посилен од Lambroghini Urus

Пред 120 години основана Италијанската фабриката за автомобили Торино

Bentley прославува 100-ти роденден!

Среќен роденден Fiat 500!