Fiat Centoventi ќе биде EV со најповолна цена за широките маси

Првиот човек на автомобилскиот гигант од Торино, Оливие Франсоа, најави дека Fiat посериозно ќе се насочи кон EV сегментот, особено откако го лансираа електричното издание на моделот икона 500, со кој зачекори во новата електрична ера…

Подолго време Fiat доцнеше во однос на конкурентите кога станува збор за електрификацијата и новите технологии, но сега во оваа компанија преземаат сериозни чекори во обидот да фатат приклучок до ривалите.

Од тоа што го прават и го навестуваат се чини дека не е доцна и дека се на добар пат, а на Fiat му оди во прилог и спојувањето на PSA и FCA со што Италијанците ќе добијат пристап до голем број платформи, агрегати, како и електрични погонски системи.

Во меѓувреме, италијанскиот производител се потпира на своите знаења и искуства. По монденското електрично издание на Fiat 500, најавен е и моделот Centoventi.

Станува збор за мал градски автомобил што е замислен како подостапен електричен автомобил, пред се ценовно, иако тоа ќе значи и послаба конфигурација.

„И понатаму сум мошне возбуден околу Centoventi. Тоа е електричен автомобил што нема да чини многу, а и понатаму ќе биде профитабилен. Ова е минималистички модел, инспириран од популарната во Европа Panda”, изјави Франсоа. Шефот на Fiat додаде и дека 500e ќе биде поскап, но зато со поголемата автономија и подобра опрема, додавајќи дека и Centoventi ќе има што да понуди со помалку опрема, поевтини материјали во кабината како и со батерија со помал капацитет.

Тоа значи дека најавениот Centoventi би требало да биде далеку поевтин модел, со што потенцијално би требало и да биде директен конкурент со  најавениот нискобуџетен електричен crossover на Dacia.

Потсетуваме производителот од Романија, во сопственост на францускиот Renault планира својот електричен автомобил Spring да го понуди за цена од околу 15.000 евра, што сепак не значи дека и Fiat ќе понуди слична цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страничното паркирање никогаш полесно

Honda најави опции на рачни контроли во новите модели

Технолошки и безбедносен напредок – BMW Driving Assistant View

Michelin најавува од 2023 гумите доаѓаат со чипови

BMW патентира волан што менува форма

Samsung претстави батерија за EV со досег од 800 км

Car2X нов технолошки бисер што доаѓа во Golf 8!

Авто-пилотот на Tesla ќе ги детектира боите на семафорите

Cupra Leon Competición подготвена за патеки со помош на 3Д принтер