Fiat Chrysler се договори со Tesla за заедничка генерална емисија на ЦО2!

Многу производители на автомобили имаат проблеми со високата просечна емисија на CO2, па изоставувањето на хибридни и електрични автомобили од производствениот процес има своја цена…

Не е новост дека големите светски компании тргуваат со offset (кредити) за емисија на CO2, но најновиот пример од автомобилската индустрија е навистина особено интересен.

Имено, италијанско – американскиот џин во производство на автомобили Fiat Chrysler Automobiles се согласи да му плати на Teslа стотици милиони евра за таа компанија да се вброи во нивната флота на автомобили во производната програма, се во настојувањата да се избегне паричната казна за кршење на новите правила за емисија во Европската унија, објави Financial Times.

Тој чекор ќе ја „надомести“ на Fiat Chrysler емисијата на CO2 што ја произведуваат нивните автомобили, наспроти нулта емисијата на електричните автомобили на Tesla, така што ќе се намали просечниот износ на емисија на ново создадената палета произведени автомобили на дозволено ниво.

Во извештајот не се спомнуваат дополнителните финансиски детали за колкав точно износ станува збор, a на кој Fiat Chrysler се согласил да го плати на американскиот производител на електрични возила.

Се претпоставува дека овој договор со Teslа ќе биде само попатна станица кон некој поцелосен договор FCA со некој друг голем производител на автомобили каков е примерот на Renault со Nissan.

Во соопштението се додава и дека Fiat Chrysler  на 25 февруари создал картел со Tesl.

Од Tesla не одговориле веднаш на барањето на Fiat Chrysler Automobiles.

Од друга страна пак Fiat Chrysler директно не се изјаснуваат за износот на сумата што би ја платиле, но додале дека ќе ги „оптимизираат“ опциите за усогласување со прописите!.

Во Fiat Chrysler Automobiles се посветени на намалување на емисијата нкај сите нивни производи…

„Овој картел нуди флексибилност за испорака на производи кои нашите купувачи се подготвени да ги купат и усогласеност со пристапот кон најниските трошоци “ додаваат од FCA во соопштението.

Инаку, претходно FCA jво Соединетите Американски Држави веќе купиле емисиони кредити од компанијата Tesla Inc., Toyota Motor Corp. и Honda Motor Co.

Потсетуваме Fiat Chrysler платил казни за возила произведени во домашно производство, a што не ги задоволуваат законите за ефикасност.

Од компанијата го објаснуваат „кусокот“ истакнувајќи дека на почетокот на 2011 година некои возила со погон на тркалата од предната оска, што претходно биле класифицирани како камионети, биле преместени во возниот парк на патничките автомобили, за кои има многу поголеми барања во однос на ефикасноста на потрошувачката на гориво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Совети: Игнорирајте ги автостоперите и повикувањата да запрете

Прегревање на моторот на екстремни жештини – еве го лекот!

Во Србија патарините поскапеа за 12%!

DS 3 Crossback совршен почеток одличен на EuroNCAP тестот

Škoda Scala воодушеви на EuroNCAP тестот!

Екологија- Ford рециклирани пластични шишиња за подници во автомобилот

VW T-Cros со пет ѕвездички на Euro NCAP Crash Test

До 2025 година VW ветува 36.000 полначи за EV на просторот на Европа!

Наредната зима сообраќајниците наместо со сол ќе се посипуваат со шеќер