Fiat Cronos HGT за жал не и за Европа!

Во FIAT за пазарите во Јужна Америка, подготвија, за својот модел Cronos, спортска HGT верзија, пренесуваат агенциите ….

Моделот Cronos, седан верзија на компактниот модел Argo, пред се добил атмосферски, бензински, агрегат, со работен волумен од  1,8-литри, со четири цилиндри и 16V (вентили) технологија, со моќност од 135 KS и 185 Nm.

Во верзијата со погон на биоетан  развива дополнителни четири (4) KS и пет (5) Nm вретежен момент при  5.750 вртежи, a доаѓа во комбинација со мануелен менувач на брзини, додека како опција се нуди и автоматски исто така со шест степени на пренос на силата.

Според податоците од производителот во просек „пие“8,1 l/100 km во градски режим на експлоатација, a во град просекот е 7l/100 km.

Покрај тоа тука е и спортската оптика за тие кои сакаат на семејната лимузина да и дадат малку по агресивен линија .

Визуелен ефект даваат и алуминиумските фелни со големина од 17-инча, потоа спојлерите и куќиштата на ретровизорите во црна боја, затемнета предна решетка, рачки на вратите во боја на каросеријата, затемнето FIAT лого и напред и назад.

Тука се и две нови бои на каросеријата Monte Carlo и Silverstone.

Со доплата од 1.570 евра може да се добие и пакет со покрив во друга боја (изведба во две бои), кожни седишта, задна паркинг камера, странични прегради, влез без клуч, електрично преклопување на надворешните  ретровизори, сензори за дожд и за самрак, потоа ретровизор што сам се затемнува во кабината ….

Во однос на ентериерот, тука се издвојува мултимедијалниот дисплеј на допир со големина од седум (7) инча, автоматски клима уред, црни детали и темни простирки ...

Почетната цена на FIAT Cronos HGT 1.8 AT6 на пазарот во Бразил изнесува околу 17.600 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серискиот Alfa Romeo Tonale на пазарот во 2020 или 2021

Конечно пристигнува новиот Nissan Juke на нови фотки!

Светски премиери на Opel IAA 2019, Нова Astra, Corsa и Grandland X plug-in хибрид

Škoda Superb RS (2020), дизелски 240 KS, предизвикувач на спортската елита!

Rezvani Tank – Најсилниот SUV на светот

Специјално изданија на Lexus LC 500

Нова Kia Mohave

Третата генерација на Opel Insignia (2022) ќе биде изведена од Peugeot 508

Аudi со помош на Rimac Automobili подготвува електричен наследник на R8