Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Конечно нешто од Fiat, без етикетата „500“ или не!?

Но како и да е, автомобилот Fiat Mobi е најевтиниот автомобил од оваа марка што се продава по цена помала од 6.000 евра. Сигурно се прашувате, каде е „јадецот“?

Финтата во така ниската цената на овој модел на автомобил е во тоа што истиот се продава исклучиво на пазарот во Јужна Америка.

Fiat Mobi е мало возило со пет врати, долго 3.566 mm, претставено во 2016 година и досега е продадено 215.000 примероци. На фотографиите можете да ја видите ажурираната верзија која неодамна беше претставена во Бразил.

Веројатно може да погодите кои мотори се наоѓаат под хаубата.Понудата започнува со моторот Fire Evo Flex 1.0 со максимална моќност од 76 КС, а кога освен бензин користи и етанол за погон, развива 78 КС. И во двата случаи има рачен менувач со пет степени на пренос.

Го напојувал и помодерен атмосферски  со три цилиндри, бензинец Firefly 1.0 мотор со 72 КС (заедно со етанол и бензин 77 КС) со автоматски менувач. Сепак, овој мотор е целосно изоставен во новата верзија.

Достапни се пакети со опрема Easy и Like, а интересно е што новата верзија има клиренс ( растојание на најниската точка до земјата ) од 190 мм.

Постои и теренска верзија наречена Trekking, по цена од 7.200 евра и повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan Titan стана pick up камионет на струја!

Rolls-Royce Black Badge колекција доби одвежување

Од Maserati го најавуваат  Project Rekall

Последниот Fiat 124 Spider за Јапонија ќе биде продаден на аукција

Најопасни се патиштата со минимално ограничување на брзини!

Последни рендери на идниот Peugeot 308

Volkswagen „кинески“ модел воведува  во Европа

Новиот SUV на MINI ќе се прави во Германија

Трејлер за нова Grand Tour авантура